логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 На  прашањето  во врска вонтелесното оплодување, Ви го пренесуваме соопштението од Православниот богословски  факултет


ratomir.pavle9.jpg

Православен богословски факултет: Сите методи на медицинско оплодување не се во согласност со Божјите закони
--------------------------------------------------------------------------------

Скопје, 17 март (МИА) - Деканот на Православниот богословски факултет во Скопје Ратомир Грозданоски во денешното соопштение го објави православниот богословски став за новите репродуктивни технологии со цел, како што се наведува, православните христијани да изградат правилен однос кон прашањето за вонтелесно оплодување ин витро и отворање на банка за сперма.

Наставно научниот совет на Факултетот смета дека сите методи на медицинско оплодување не се во согласност со Божјите закони. Новите репродуктивни технологии како што се вонтелесно оплодување, лекувањето на неплодноста, вештачката инсеминација, ин витрото и банката на сперма, според нив, ја разградува природата на семејната заедница.

Стерилноста на брачните заедници, како што соопштуваат, не е последица на онтолошкиот статус на човекот, туку е предизвикана од трансформација на природната средина чиј краен резултат е еколошката катастрофа.

Православниот богословски факултет смета дека за зголемување на процентот на неплодност придонесуваат абортусите и ширењето на инфекциите кои се пренесуваат по пат на половите односи. Христијанското семејство се создава така што за критериум на неговото создавање се земаат вечните и природните и нормалните за човечката онтологија закони Божји. Проблемите на болеста односно неплодноста или на раѓањето деца се осознаваат како волја на Творецот. Затоа терминот „планирање“ му е туѓ на духот на христијанското семејство, се вели во соопштението на Православниот богословски факултет. рп/сп/19:41


Друго:

 

НОВИОТ МЕТОД ГИ РАЗБРАНУВА ДУХОВИТЕ

МПЦ не благословува бебе од епрувета

Раѓање деца со методот на вештачко оплодување претставува грев и не е во согласност со Божјите закони, вели Ратомир Гроздановски, декан на Богословскиот факултет

Раѓање деца со методот на вештачко оплодување претставува грев и не е во согласност со Божјите закони, предупредува Македонската православна црква, како реакција на неодамна донесениот закон во земјава. Советот на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ со соопштение укажува дека тоа може да доведе до манипулација со човекот.  Стерилните брачни заедници, чија бројност е се' поголема, не се последица на биолошката еволуција на човекот. Тие се предизвикани од трансформацијата на природната средина чиј краен резултат е еколошката катастрофа. За ширењето на неплодноста придонесуваат абортусите и ширењето на инфекциите - потенцираат професорите од Богословскиот факултет на МПЦ.

Пациентите и лекарите ја разбираат реакцијата на МПЦ, но изјавуваат дека во вештачкото оплодување гледаат спас за проблемите околу добивањето потомството. Знам дека Црквата се раководи од своето учење кое забранува и абортуси. Но, јас не можев да добијам дете по природен пат. Има надворешни причини зошто не можев да останам бремена, но требаше ли да чекам да се средат сите тие проблеми за да добијам дете. Тогаш ќе беше веќе доцна - вели 38-годишна скопјанка. Д-р Глигор Димитров од Клиниката за гинекологија смета дека лекарите мора да им помагаат на пациентите што имаат здравствени проблеми:

- Кога се врши вештачко оплодување, ние не навлегуваме во верските убедувања на луѓето. Би биле најсреќни кога кај никого не би постоеле проблемите да добие потомство. Но кога проблемот е тука, треба да се помогне. Јас учествував во пишувањето на нашиот закон и тој е правен според практиката на многу европски земји во кои и покрај силната позиција на Црквата, е дозволено вештачкото оплодување.  Во земјава, секоја година се вршат значителен број вештачки оплодувања. Скопската болница „Мала Богородица“ неодамна се пофали дека во изминатите седум години помогнала во раѓањето на 650 бебиња преку ин-витро постапката. Осветувањето по повод почнувањето со работа на оваа болница го изврши лично поглаварот на МПЦ, архиепископот г.г. Стефан. Ратомир Гроздановски, декан на Факултетот, објаснува дека вештачкото оплодување е поврзано и со други гревови: Да се создаде тоа дете, машкото семе се добива со мастурбација, која е исто така грев. Потоа се оплодуваат повеќе ембриони за од нив да се изврши селекција кои ќе продолжат да живеат. Вишокот на оплодените ембриони, во кои е зачнат животот, едноставно се убиваат. До потомството треба да се дојде преку телесна и духовна чистота, со покајание и обраќање кон Бога - вели Гроздановски.Тој додава дека Црквата нема да презема посебни мерки спрема верниците што извршиле вештачко оплодување бидејќи „сите сме грешни и гревовите треба да се одбегнуваат“.

(Б.Ѓ.) - Дневник
 

 

Посети:{moshits}



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Православен календар

 

25/11/2024 - понеделник

Свети Јован Милостив; Светиот пророк Ахија; Преподобен Нил Синајски; Преподобен Нил Мироточив;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная