логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Ни претставува особена чест и задоволство да Ве информираме дека и овој пат, довербата да бидеме носители на националното знаме на престижната манифестација со 120 годишна историја La Biennale di Venezia, ни беше доделена нам како институција по 9 пат. На 60. ликовна сесија на Венециското биенале 2024, Република Северна Македонија ќе биде претставена со проектот INTER SPEM ET METUM, (Помеѓу надеж и страв/Between hope and fear), на нашата уметничка Славица Јанешлиева. Комесар на проектот е д-р Дита Старова Ќерими, директор на НУ Национална галерија на Република Северна Македонија, а куратор е д-р Ана Франговска, виш кустос во Националната галерија на Република Северна Македонија. Локација на павилјонот е истата како и последните две сесии на 59. ликовната изложба, како и на последното архитектонско издание, т.е. Scuola dei Laneri, кое се наоѓа на одлична и прометна локација Santa Croce 131 A.

Овогодинешната тема на 60. едиција на традиционалното, престижно Венециско Биенале, во дисциплината ликовна уметност е „Странци насекаде“ или STRANIERI OVUNQUE – FOREIGNERS EVERYWHERE, под кураторство на Адриано Педроса. Како што вели самиот куратор концептот се однесува на глобалната состојба која се карактеризира со бројни кризи поврзани со движењето на поединци низ земји, нации, територии и граници. Овие кризи ги истакнуваат опасностите и предизвиците поврзани со јазикот, преводот и етничката припадност и ги откриваат варијациите и нееднаквостите под влијание на фактори како што се идентитетот, националноста, расата, полот, сексуалноста, богатството и слободата.

Краток опис на проектот

Концептот INTER SPEM ET METUM кој го развива Славица Јанешлиева преку својот контекстуално-визуелен паноптикум тргнува од едноставната детска бајка на Ханс Кристијан Андерсен „Грдото пајче“ од 1844, која колку е важна за правилен развој на детската психологија, како една од првите морални приказни од детството, толку е круцијална и во развивање на свеста кај возрасните за сопствените капацитети, вредности и посебности. Позната низ целиот свет, па дури и често користена за учење на странскиот јазик на имигранти кои се доселуваат во друга земја. Приказната „Грдото пајче“ уште од детство не соочува со другоста/различноста, со чувството да си странец. Односно со прифаќањето или неприфаќањето на различните. Без разлика дали различноста е полот, изгледот, појавата, однесувањето, болест, националност, религија, јазик, политичко убедување... Дали се раѓаме со свест за националност, религија, јазик?

Зарем ова не е идеалот кон кој сите се стремиме кога е мултидимензионално убавината во прашање? Сите ние имаме грди делови со кои треба да се соочиме повторно и повторно. Сите ние во еден или друг момент се чувствуваме сами во светот. Тогаш еден ден не излегуваме толку убави однадвор, туку почнуваме да зрачиме со чувство на припадност одвнатре. Сфаќаме дека има место за нас на оваа планета, место кое цело време чекало на нас. Гледаме дека нашите стравови не се ништо друго освен сенки.

Оваа концептуална матрица сосема адекватно го допира идијосинкретизмот на СТРАНЕЦОТ насекаде, во мене, во тебе, во нив, во нас.

За потсетување, нашите претходни претставувања:

1997 - 47. Биенале во Венеција, „Македонија пред Ѓото – Македонија денес“, Анета Светиева;

2001 - 49. Биенале во Венеција, „Ноќни визии“, Јован Шумковски;

2003 - 50. Биенале во Венеција, „Интегрализми“, Жанета Вангели;

2009 - 53. Биенале во Венеција, „50 или 50“, Гоце Наневски;

2011 - 54. Биенале во Венеција, „Досие – Шлепер“, Колектив „Зеро“;

2013 - 55. Биенале во Венеција, “Silentio Patologia”, Елпида Хаџи Василева;

2015 - 56. Биенале во Венеција, „Ние сите сме сами во ова“, Христина Иваноска и Јане Чаловски;

2022 - 59. Биенале во Венеција, “Landscape Experience“ на Роберт Јанкулоски и Моника Мотеска



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Православен календар (2)

 

24/12/2024 - вторник

Божикен пост (пост на масло)

Преподобен Данило Столпник; Преподобен Лука Столпник; Преподобен Никон Сувиот; Светиот маченик Миракс;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная