Почитувани,
Со особена чест Ве известуваме дека Ден Шехтман, добитник на Нобелова награда за хемија во 2011 година за откривањето на квазикристалите, со пленарно предавање ќе ја отвори Првата конференција за материјали во МАНУ.
Предавањето насловено Quasi-Periodic Materials – A Paradigm Shift in Crystallography ќе го одржи на 25 мај во 9:15 часот во амфитеатарот на МАНУ.
Ве очекуваме заедно да го споделиме овој несекојдневен настан.
Организациски одбор на Првата конференција за материјали во МАНУ
--
м-р Дијана Славеска