логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

РЕТРОСПЕКТИВНА ИЗЛОЖБА
НА ЈАНА МАНЕВА - ЧУПОСКА
ВО НАЦИОНАЛНА ГАЛЕРИЈА МАЛА СТАНИЦА

Почитувани медиуми,
Во прилог ви испраќам информација за ретроспективна изложба на Јана Манева - Чупоска во Национална галерија Мала станица.
Изложбата се состои од нас ститина дела, изработени во повеќе медиуми: цртежи,колажи, масло на платно, акрил, видео арт, фотографии. Изложбата третира триесет години творештво вклучувајќи и дела на изложбата од студентски денови на едукација на факултетот за ликовни уметности во Скопје.
Куратор на изложбата е историчар на уметност Маја Чанкуловска каде во прилог ви го испраќам и нејзиниот текст кој претставува краток осврт кон изложбата.
„Речиси е невозможно со неколку реченици да се претстави комплексното и повеќеслојно творештво на Јана Манева-Чупоска. Како мултимедијален уметница која подеднакво успешно се реализира во повеќе ликовни, односно визуелни дисциплини/форми: цртеж, сликарство, колаж, инсталација, моден дизајн, видео, перформанс... Инкорпорирајќи ги знаењата од сите наведени области, таа смело создава синергија на спротивставени елементи, истражувајќи ги границите на секој медиум одделно и на сите заедно. Можеби синтагмата како „единство на контрасти“ би била суштински моментум за толкување на нејзините се покомплексни дела, што се потврдува во речиси сите нејзини креации.  

Идејно, а како потврда на споменатата синергија, остварувањата на Јана Манева-Чупoска често се потврдуваат преку играта на фигурација, апстракција, симболика. Концепциски земено, таа се занимава со проблематика која започнува од личните интимни приказни, женски приказни, традиција, секојдневие итн., при што своето поле на нарација го проширува со ангажиран пристап и суптилна критика во однос на различни состојби во општеството. Во нарациска и директна смисла, особено впечатлив е говорот во прво лице изразен преку мноштвото портрети во кои главен протагонист е самата авторка, со што се потенцира потребата за директен говор со гледачот.   

Делата на Јана Манева-Чупоска, и покрај сериозноста на темите и отсликувањето на различни емотивни состојби, суштински отсликуваат позитивен и свеж однос кон уметноста и животот кои во нејзиниот примет континуирано се преплетуваат. “

Маја Чанкуловска
Историчар на уметност
Куратор на изложбата

Изложбата е финансирана од програмата за проекти од национален интерес за 2022 година.
Однапред благодарна,
Јана Манева - Чупоска
078 482 018   Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Православен календар

 

19/04/2024 - петок

Велигденски пости; (строг пост)

+Упокоение на Свети Методиј Солунски; Свети Евтихиј, патријарх Цариградски; Светите Сто и дваесет маченици коишто пострадаа во Персија; Преподобен Григориј Синаит; (Акатист); (второ бдение);

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св.Христов исповедник Георгиј Митиленски митрополит 7 април / 20 април 2024

Тропар на св.Христов исповедник Георгиј Митиленски митрополит 7 април / 20 април 2024

Пастироначалниче на скитското подвижништвово степите руски непроодни,Ниле ученику Христов облагодатен,денес и во веки Бога преку тебе Го прославуваме,и твоите подвизи...

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Словото Божјо, слово земно подаде,кое ти Свети епископе Методие во слава Негова го раздаде,а Он Началникот на животот устрои заради...

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Вистина непоколеблива имајќи во срцата вашиАгатоподе и Теодуле,познавте дека земниот живот е суета, сенка и сон,а верата во Љубовта го...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная