МЕСТО НА СПОЈУВАЊЕ
Мултимедијален настан на Кристина Пулејкова,
Охрид, 24.7.2021
Локација: Главно Пристаниште Охрид
Почеток во 21 часот
Слободен Влез
„Место на спојување“ е комплексен мултимедијален проект на Кристина Пулејкова кој се состои од дело со движечки слики кое се проектира на огромен воден екран, создаден со распрскување на млазови вода од Охридското Езеро, врз езеро и видео во 360̊ - виртуелна реалност.
Пулејкова е македонска уметничка, која живее на релација Скопје -Лондон, чија интер-дисциплинарна пракса во уметноста е надополнета со наука и технологија. Уметничките дела на Пулејкова имаат за цел да истражат како користењето на технологијата може да добие своја оправданост во одржувањето на релацијата човек-природа. Работејќи со подвижни слики, звук и инсталации цели кон создавање на субјективни наративи, базирани на научни податоци и принципи.
Делото „Место на спојување“ е базирано на уникатната миграција на критично загрозената европска јагула. Следејќи го животот на две јагули кои доаѓаат од различни позадини (едната живее во Охридското Езеро, додека другата во реката Темза во Лондон) делото ќе се обиде да исцрта паралели помеѓу човечките искуства и оние на јагулата во поглед на миграцијата и само-остварувањето. За жал охридската јагула е спречена да го остварува својот природен репродуктивен пат, бидејќи во 1962 година на трасата на јагулата била изградена брана кон Република Албанија, а денес се наоѓаат на таа линија уште 5 други брани. Од тогаш Охридското Езеро вештачки се порибува со јагули. Овој дискурс го поставува на сериозно рамниште прашањето за човековото влијание врз еколошките катастрофи, од една страна, а исто така и политичкиот удел, перспективи и платформи од друга страна.
Авторката миграцијата на јагулата до Саргаското море ја користи како аналогија за човечкиот стремеж кон само-остварување, потрагата по тоа утописко место на спојување и состојба на битисување.
Овој концепт визуелно, Пулејкова го срочува во подвижни слики, во форма на кореографски танц на две човечки индивидуи кои имаат аналогија на јагули, визуелна и звучна нарација надополнета со дигитални и звучни анимации кои имаат за цел да го збогатат проектниот вокабулар и да создадат холографска симулација за „свадбениот пат“ на јагулата.
Проектот на Пулејкова, „Место на спојување“, иницира дебата за свесноста за катастрофалната состојба и загрозеноста на европската јагула генерално и критикува за „политичката надмоќ“ на човекот врз судбината на охридската јагула локално. Овој проект порачува да се создаде платформа за спречување на еколошките катастрофи, да се влијае врз климатските промени и би се стопирале многубројните апсурдни состојби во еко-системот итн. Од друга страна, покрај еколошката предоминанта на проектот, со јазикот на визуелните прикази Пулејкова допира и суштински политички дискурси, ја проектира македонската перспектива и стремење кон европската иднина.
Проектот “Место на спојување” е поддржан од Принц Клаус Фонд за култура и развој и Гете институтот во рамките на програмата Уметнички и културни согледувања на климатските промени.
Куратор:
Ана Франговска
Соработници;
Кореограф: Искра Шокаровска
Музика и саунд дизајн: Иван Трајчев
Танчари:
Јасмина Билаловиќ
Христина Цветкоска
Актери - глас
Marija Kaeva
Александра Вилкинсон
-----
Со почит,
Кристина
--
Kristina Pulejkova
Visual Artist
Somerset House Studios
The Strand, London WC2R 1LA
Tel: (0)75 84131604
http://www.kristinapulejkova.com
Current: Somerset House Studios
t:@TinaPulejkova | i:@tinapulejkova