Централен настан на фестивалот ќе биде АКТО АГОРА – јавна расправа која ќе ја преиспита улогата на граѓаните за културните простори во градот.
Плусинфо ● 15:08 24 октомври 2017 ● Прочитано 722
12. Издание на „Pop UP АКТО АКЦИЈА!“ фестивалот за современи уметности ќе се одржи на 27 и 28 октомври во Скопје, на локациите Кино Култура и Железничка зграда.
Под мотото „Граѓаните за културните простори, граѓ12. Изданиеаните за културата“ ова издание на фестивалот преку својата програма ќе го адресира прашањето за заживувањето на неколку културни простори во Скопје и Битола, и нивно враќање во функција на културниот живот на граѓаните. Во Битола фестивалот АКТО неодамна го реактуелизираше проблемот со ревитализација на Офицерскиот дом, а во Скопје акцентот ќе биде на кино Култура и Железничката зграда - културно наследство од 1946 год. со уникатни решенија за колективно домување која долги години стои неискористена.
За таа цел организаторите на фестивалот поставуваат неколку прашања кои сакаат да ги стават на дневен ред преку активностите на ова издание на АКТО:
- Дали конечно можеме да сведочиме за отворање на простори изградени преку партиципативно ангажирано делување? Дали овие времиња ќе бидат поволни за подобрување на институционалната инфраструктура и ќе создадат поле за заедничко учење помеѓу различни актери (граѓанскиот сектор, конституентите и локалната власт), како и за валоризација на вре дноста на трудот наспроти пазарната логика и личните интереси - вели Ивана Васева, програмска директорка и кураторка на фестивалот.
Филип Јовановски, уметнички директор и куратор на фестивалот пак истакнува дека сега е времето да се понудат функционални модели за управување со јавните добра.
- Се чини дека сега е време уште еднаш да ги потврдиме сите заедно своите заложби и да покажеме колку е важна меморијата и историјата за општествената стварност но и да понудиме други модели за соработки и (ко)управување, како и поддршка и развој на релевантни социо-политички содржини од полето на културата и уметноста - вели Јовановски.
Централен настан на фестивалот ќе биде АКТО АГОРА – јавна расправа која ќе ја преиспита улогата на граѓаните за културните простори во градот. Диксусијата ќе се одржи овој петок во Кино Култура, со почеток од 12 часот на пладне.
Идејата на агората е да ја потенцира потребата за реновирање на три простори: Офицерски дом во Битола, Железничка зграда и Кино Култиура во Скопје кои треба да прераснат во места на повеќе значења важни за днешното фунцкионирање на различни заедници. Учесници на агората ќе бидат активисти, експерти за културно наследство,членови на независната културна сцена, заинтересирани граѓани, како и парламентарци и членови на комисии за култура и луѓе од раководни позиции од јавните институции.
Покрај Агората, во Кино Култура вечерта ќе се одржи и ХНУ - Истражувачко студио за храна, наука и уметност, како и саем на независни музички изданија, а ќе се раскажуваат и музички приказни низ призмата на диџеите Илина Ангел, Мирко Попов и Флудер. Во сабота, пак, во Железничка зграда од 12 часот повторно ќе биде изведен перформансот „Кога зградите би зборувале“ кој беше дел од придружната програма на МОТ минатиот месец. Исто така, публиката ќе ја има и уникатната можност да чуе еден постар сајд-проект на групата Фолтин, насловен како „Дејви Д’ Боуви + Паднатите од Марс“.Перформансот може истовремено да биде проследен само за 32 присутни во публика. Сите заинтересирани можат да се пријават во инбокс на страната на АКТО Фестивал.
Целосната програма можете да ја погледнете на официјалниот ФБ настан
Ова издание на фестивалот POP UP Акто АКЦИЈА го организир здружението ФРУ, во партнерство со Локомотива – Центар за нови иницијативи во културата и уметноста од Скопје, Здружението на текстилни, кожарски и чевларски работници Гласен текстилец Штип како и регионалните соработници „Фрлачи на сенки“ од Загреб и „Супервизуелна“ од Белград. Тимот го сочинуваaт: Филип Јовановски – уметнички директор и куратор, Ивана Васева – програмска директорка и кураторка, Илија Тирицовски и Александар Јовановски - куратори и координатори на музичка програма, Елена Димитровска – координација и продукција, како и КОМА графички дизајн.
ПОП АП АКТО АКЦИЈА е поддржан од Министерство за Култура на РМ, Фондација Фридрих Еберт - канцеларија Скопје, и општина Центар
Извор:http://plusinfo.mk/vest/131346/festivalot-za-sovremeni-umetnosti-akto-zapocnuva-ovoj-petok-vo-skopje