Здружение за развој на култура и заштита на културно наследство „Контекст - Струмица“Соопштение до медиуми:
XII „Роднокрајни поетски средби“ во Струмица
На 14 март, 2017 година (вторник), во кафе бар „Селект“, здружението за развој на култура и заштита на културното наследство „Контекст – Струмица“ ги организира дванаесетите по ред „Роднокрајни поетски средби“.
Станува збор за поетска манифестација која веќе редовно се одржува на различни локации во Струмица и струмичко и истата има за цел да ги промовира домашните автори по еден сосема уникатен и неформален начин, со помош на интеракција и слободен пристап. Секој што пишува или има што да каже може да биде дел од овие средби, во иднина оваа манифестација ќе го прошири самиот формат, па освен поети, ова е идеално место да се претстават и луѓе кои се занимаваат со перформанс, stand up, слем поезија, free style изразување, MC-a и што уште не.
Да се биде отворен кон сите нови форми на интерпретација е од исклучителна важност, со проширувањето на кругот на учесници ќе се создаде уште поширокогледа платформа. Роднокрајни поетски средби досега биле домаќини на повеќе од 50 локални автори и 10тина етаблирани поети од Македонија и странство.
Овој настан има за цел да ги зближи роднокрајните автори и да креира јадро за запознавање, презентација и промоција на истите, истовремено да и понуди на публиката автори од Македонија и странство кои досега не настапувале во градот, а ја имаат желбата тоа да го направат пред публиката која со будна уво и душа е спремна да го чуе секој нов стих напишан од оние кои се презентираат.
Самата цел на настанот е доближување на творештво поблиску до читателите и афирмација на роднокрајното творечко перо.