Во организација на Македонската академија на науките
и уметностите, Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Здружението за нуклеарна медицина
на Македонија и Македонското лекарско друштво,
на 16 декември 2016 година (петок), во МАНУ, во 12 часот ќе се одржи
СВЕЧЕН СОБИР по повод 100 години од раѓањето на академик Исак С. Таџер
и 60 години од почетоците на нуклеарната медицина
во Македонија.Ве покануваме на Свечениот собир.
ПРОГРАМА
12:00 – 14:30 часот
Отворање на Свечениот собир
академик Таки Фити, претседател на Македонската академија на науките и уметностите
Поздравни обраќања:
проф. д-р Никола Јанкуловски, ректор на Универзитетот Св.Кирил и Методиј “,Скопје
Prof. Francesco Giammarile, претставник на Европската асоцијација а нуклеарна медицина
доц. д-р Горан Димитров, претседател на Македонско лекарско друштво
Проф. д-р Борислав аранфилски:
„Животот и делото на академик Исак Таџер, основоположник на нуклеарната медицина во Македонија“
Промоција на монографијата:
„Нуклеарната медицина во Македонија 1956-2016“ од проф. Каранфилски со соработниците во издание на Здружението за нуклеарна медицина на Македонија и Македонското лекарско друштво
Промотор: академик Момир Поленаковиќ
Prof. Francesco Giammarile,
Radioguided Surgery: State of the Art and Future Trend
Проф. д-р Даниела Миладинова
SPECT/CT: History, Principles and Clinical Applications
14:30 -15:00 Коктел