Имаме чест да Ве поканиме на пристапно предавање на проф. д-р Драги Ѓоргиев, дописен член на МАНУ, на тема: ИСЛАМИЗАЦИЈАТА НА МАКЕДОНИЈА ВО ОСМАНЛИСКИОТ ПЕРИОД.
Пристапното предавање ќе се одржи на 18 мај 2016 година (среда), во 12,00 часот, во Македонската академија на науките и уметностите.
За научниот придонес на проф. д-р Драги Ѓоргиев ќе зборува академик Вера Битракова Грозданова.