Во врска со претстојниот настан, отворање на самостојна изложба на уметничката двојка Кожул/Жижиќ од Загреб, Хрватска на 5.05.2016 година (четврток) во 12.00 часот, Ве информираме дека на 4-ти мај (среда) во објектот Чифте амам на Национална галерија на Македонија во 11ч ќе се одржи прес конференција на која ќе присуствуваат и уметниците. Куратори на проектот се Вања Жанко од Загреб и Ана Франговска од Македонија. Малку повеќе информации на линкот подолу, а повеќе на прес конференцијата. Ве очекуваме.
http://nomad.hr/projects/zizic-kozul-recurring-landscapes-national-gallery-of-macedonia-skopje
„Горди сме што имаме можност да ве поканиме на првото македонско самостојна презентирање на Жижиќ и Кожул, изложба која ќе се состои од неколку инсталации произведени наменски за просторот на Чифте амам , кои произлегуваат од неодамнешната работа и интереси на уметниците. Оваа изложба го истражува феноменот на подоброто претставување и генеричкото искуство, кои се од централно значење за трансформирање на менталниот приказ под влијание на глобалниот пазар и маркетинг индустријата.“
Кожул и Жижиќ изјавуваат: „Живееме во апсурден момент кој е творечки неодолив“, сосема апликативна изјава и на актуелното македонско време. Оттука сигурни сме дека оваа изложба ќе го привлече вниманието на македонската публика и со својот визуелен аутфит, а и со концепциската содржина.
http://www.nomad.hr/content/2-members/9-kristian-kozul/zizic-kozul_cv.pdf
Национална галерија на Македонија
Односи со јавност и маркетинг
тел. +389 2 3126 856
http://www.nationalgallery.mk
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.