логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Почитувани,

На 2-ри декември 2015 година (среда), во 19.00 часот, во Националната галерија на Македонија, објект „Чифте амам“ ќе биде отворена миниретроспективната изложба на апстрактна фотографија на Осман Демири.

 

Провокацијата на недокрај откриеното

Кон миниретроспективата на апстрактната фотографија на Осман Демири

Апстрактната, необјективна, експериментална или уште позната како концептуална фотографија е средство за создавање визуелни, драматични слики и се потпира врз примордијалните сензации за форма, облик, боја, кривина, повеќе одошто на самата смисла. Таа нема непосредна поврзаност со субјектот во буквална форма или со светот на објектот, туку тоа што е создадено зависи од добрата фотографска опрема, процесите и материјалите, а пред сѐ од концептот. Апстрактната фотографија може да изолира фрагмент од природната сцена, со цел да го отстрани нејзиниот својствен контекст од гледачот, а тоа може да биде намерно изведено за да се создаде навидум нереален изглед на реалните предмети или тоа може да вклучува употреба на боја, светлина, сенка, текстури, облици и/или форма за да се пренесе чувство, сензација или импресија. Сликата може да се произведува со користење традиционална фотографска опрема како камера, темна соба или компјутер или тоа може да се создаде без користење на камерата со директно манипулирање на филмот, хартијата или други фотографски медиуми вклучувајќи и дигитални презентации.

Осман Демири е наш современ фотограф, кој почна да ја освојува македонската фотографска сцена со своите инвентивни и исклучително естески визуелни решенија низ апстрактни, т.е. концептуални фотографии. Тој ја истражува фотографијата целиот свој живот, и тоа фотографијата гледана низ различни објективи, со различни мотиви, интереси и техничко-технолошки прерогативи. Ги работи и документарната фотографија и репортерската фотографија и објективната фотографија, но она во што тој се чувствува најсигурно и каде што ги постигнува најголемите доближувања до ликовната уметност е токму во апстрактната фотографија. Досега има создадено доволно голем фонд на концепциски фотографии кои веќе ги има групирано по серии и циклуси, со што укажува на фактот дека размислува и твори системски и осмислено, а не само инстинктивно и без предумисла.

Кај Осман Демири магијата на непознатото на моменти креира претстави кои личат на сликарски платна со енформелни, оп-артистички или надреални предзнаци, во други созвучја боите, формите и светлината прават одлични плакатско-дизајнерски решенија, додека трети фотографии имаат чисто концептуална аура и нудат одреден асоцијативен, преносен синкретизам. Демири не користи компјутерска дообработка и не се служи со магијата на електронската трансформација и трансмутација, туку кај него сите претстави се добиени од прва рака, со мануелен или дигитален фотоапарат без дополнително доработување.

Линијата и формата заедно со одличниот избор на селектираниот кадар ја креираат сензацијата, која по потреба има нагласена волуминозност и тридимензионална полност, додека во други решенија прецизноста на замрзнувањето на фрагментот дава плакатска дводимензионалност, како облиците да се направени со помош на компјутерски програми и алатки. Кај линијата, во зависност од идејната целина кон која тежнее, Демири во конкретни случаи создава една своевидна „нова геометрија“ на претставата, или, пак, од друга страна, заоблената линија се кривули, создава надреална мекост на имиџот, доведувајќи до нови идејни синкразии и асоцијации што немаат допирна точка со појдовниот објект, туку се независни уметнички агломерации.

Светлината и сенката, иако клучни во фотографијата, воопшто и генерално кај апстрактната фотографија и кај Осман Демири конкретно се круцијални во создавањето на драматиката, во апострофирањето на формата, бојата, текстурата на објектите вклучени во претставата. Тие ги обликуваат содржината и „сочноста“ на имиџот. Примената на светлината без сенките нема никакво значење. Сенките не се едноставна темна маса која се граничи со светлината. Напротив, сенките се субјект жив како и светлината. Сенките ја обликуваат светлината, тие го насочуваат вниманието на светлината. Со нив се креира и дополнителната визуелна игра што ја нуди сензацијата, геометриските или заоблени транфери и просторните композиции. Тие креираат аура на продолжено дејство и сукцесивност, како и навестување на процесот што следи, т.е. се актери на динамиката.

Текстурата, пак, сама по себе како принцип, е емфазирана со помош на формата, сенката и светлината и секако бојата. Таа кај Демири игра особено важна ролја во визуелниот финиш. Очигледно е една од значајните предуслови за дефинирањето на визуелната експресија кај нашиот автор и со неа се формираат своевидни ликовни решенија како примери на енформелната фотографија, сродна на „сликарство на материјата“.

Бојата, пак, го зграпчува вниманието на гледачот и го стимулира перцептивниот систем на гледачот. Таа, исто така, служи за да се задржи вниманието на гледачот подолг временски период. Ако очите на гледачот шетаат, бојата има тенденција да го врати вниманието назад. Демири користи и заситени или интензивни бои, во зависност од целта што сака да ја постигне. Некаде ахроматичноста (црно-бело, сиво) доминира за сметка на текстурата и нс интензивирањето на светло-сенката, а другаде интензивната монохроматска претстава е есенцијална за постигнување на идејата. Контрасни бои користи за да ја зголеми драматиката на сликата.

Апстрахирањето и емфазирањето, како и блурирањето и изострувањето се често користени фотографски техники со кои се постигнува посакуваниот концепт и се реализира идејата. Кај Осман Демири овие механизми во примената на фотографијата се доста чести, заедно со зумирањето, т.е. макрофотографирањето. Композициската драматика во постигнувањето фокален центар со помош на острина и јаснотија е акцентирана со апстрахирање и замаглување на останатите делови од композициската целина, надополнета со колоритен контраст или текстурална опонентност.

Овие генерални дескрипции за творечкиот ангажман на Осман Демири се специфични квалификации на неговото фотографски „вјерују“ во доменот на апстрактната фотографија и се провлекуваат низ сите негови фотографски циклуси со варијации од еден до друг во зависност од појдовниот дискурс кој е мотив за генерирање дадена концептуална целина. Во „Тајна“, предзнакот е ставен на загадочноста на композициите, кои нудат затскриени асоцијации и креираат мистични дистанции од „вистината“. Насловот „Светлина и сенка“, укажува на предоминантниот интерес во оваа концепциска целина, а тоа е визуелна игра и емфаза со помош на акцентирање на контрастот предизвикан од специфичните споеви на детали или фрагменти на светлината и од сенката врз одреден мотив. Динамиката и ритмичноста во овие фотографии се нагласени, како и линеарноста со која се нуди правец на интерес во делото. Кај „Црвените соништа“ доминира црвениот тон, со сите негови нијанси. Формите и останатите елементи и принципи се употребени во корист на колоритот. Во „Дијалог и компромис“ исто така доминира линијата што го одредува апстрактниот импакт, но балансот помеѓу формите и облиците, контрастите, светлоста и сенката, текстурата е на ниво на дијалог или постигнување компромис и хармонија на елементите.

Специфика се неколкуте чисти концептуални колажи, организирани со одредена идејна причинска последичност и надополнети со кратка текстуална асоцијативност, која му нуди на реципиентот правци за толкување на делото, кои се среќаваат во неколку од циклусите.

Во делата на Осман Демири се обликуваат симулакруми место реални прикази и доминира духовноста. Иако некои визуелни елементи се чинат препознатливи, финалниот ефект е динамичен и комплетно апстрактен. Овие фотографии го предизвикуваат набљудувачот да чита зад глетката, а поетиката и универзалните форми ги иницираат чувствените сензори.

Воведувајќи ја „Новата визија“ во фотографијата, Мохољи Наѓ запишал: „...не може да биде толку едноставно кажано дека е неважно дали фотографијата создава ̦уметност’ или не. Нејзините базични закони, а не мислењата на уметничките критичари, ќе ги снабдат сите основни методи за докажување на нејзината идна вредност.“ Оваа „нова визија“ во фотографијата не само што се потврдила како исклучително важна и вредна за развојот на современата фотографија, туку и сѐ уште создава нови симулакруми и нови верзии, како нашата во примерот на Осман Демири, која го потврдува уметничкиот импакт на фотографијата во современата уметност генерално.

 

Куратор на проектот е Ана Франговска а изложбата ќе биде поставена до 8-ми декември 2015 година.

 

Со почит,

Национална галерија на Македонија



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Православен календар (2)

 

29/12/2024 - недела

Божикен пост (пост на масло)

Светиот пророк Агеј; Свети Никола Хрисоверг, патријарх Цариградски; Светата царица Теофанија;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Божји пророк Агеј 16 декември / 29 декември 2024

Тропар на светиот Божји пророк Агеј 16 декември / 29 декември 2024

Глас 2Агее свети пророче, ти кој поведен беше, храмот Господов духовно да го осознаеш, оној кој човек не го гради,туку Господ...

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Елевтериј Илирски и неговата мајка Антија 15 декември / 28 декември 2024

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Елевтериј Илирски и неговата мајка Антија 15 декември / 28 декември 2024

Глас 3Свети свештеномачениче Елевтерие,ти кој ѕверови скротуваше, со благодат Божја срца човечки лекуваше,Христос преку тебе луѓе во ангели приведе

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Маченици свети Христови, вие кои со благодат Господова огнот во вас го скротивте,  а силата негова во ревност за Бога ја...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная