логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Овогодишното единаесетто издание на Интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“ – Струмица ќе се одржи од 27 до 31 мај, под мотото „Еден филм насекаде, сите на Астерфест“.

И овој пат фестивалската програма на „Астерфест“ изобилува со врвни актуелни филмски остварувања од целиот свет.

Во натпреварувачката програма на кратки играни филмови „Глобална фикција“, што ја селектираше Сунчица Уневска, има неверојатна палета на ексклузивни филмски приказни од Иран до Шпанија, од Египет до Велика Британија. Сите тие приказни зборуваат за судбината на човекот во денешното општество, за судбината честопати предодредена од природните или општествените закони. Со други зборови, ова интересно патување на различни страни во светот успева да ги допре актуелните проблеми во тие земји во нивната суштина, но и да проговори за вечните дилеми што го мачат човекот. Тука го имаме оскаровецот Мет Киркби со британскиот „Телефонски повик“; потоа иранскиот „Повеќе од два часа“ на Али Азгари, кој беше номиниран во Кан и во Санденс и освои над 18 награди; тука е и француско-израелската авторка Тамара Ерде, чиј филм „Дизни Рамала“ ги собра сите награди во Франција, но ја освои и публиката. Шпанскиот филм „Ние сме пријатели“ на младиот Карлос Солано Перез беше на повеќе од 75 фестивали, додека Русинот Жора Крижовников е вистинско откритие со филмот „Случајно“, кој како да исцртува еден современ Раскољников. Копродукцијата на Македонија со Египет во „Пештерата“ на Ахмед Гонеими си поигрува со вклопувањето во променливиот свет, додека српскиот „Даб плеј“ на Немања Лазиќ, низ ироничниот сплет на околности, си игра со вечно провокативната филмска тема за платените убијци.

Натпреварувачката програма на кратки документарни филмови „Ѕвездени документи“, што ја селектираше Гена Теодосиевска, го поставува главно прашањето дали сме подготвени да ѝ погледнеме на реалноста в лице. Таа е составена од седум ексклузивни креативни документарни стории. За овој „Астерфест“, во оваа, по многу нешта необична 2015 година, селектирани се приказните што ги фасцинирале Ане Маријке Графманс од Холандија, долгогодишната пријателка на овој фестивал, смела филмска авторка која сторијата на едно семејство ја „ткае“ преку болеста на таткото („Нема ништо недоречено“); Паола Онет која се враќа кон своите корени во едно мало романско село каде што баба ѝ, дедо ѝ и нивните соселани поминуваат низ една необична, а истовремено чудна фотографска сеанса („Како сакате“); двата авторски тандема од Италија, Спано – Пиколо, кои ни откриваат една вознемирувачка, долго чувана тајна во Националниот парк Вирунга во Конго („Животински парк“); Кирстен Гајнет, руска авторка со потекло од Република Башкортостан, со приказната за чесниот и скромен војник Газис Микомедјанов („Живеј, војнику, живеј“); германската авторка Анабела Ангеловска со необичната филмска сторија за Хакие, која одлучила да живее како Хаки според законот на „бурнеша“ кој се практикува само во Албанија („Хакие-Хаки“); младиот македонски автор Перо Кованцалиев, импресиониран од животот на еден Македонец кој се обидел среќата да ја побара низ казината во Африка („Вујче“); Кристијан Јенсен од САД со возбудливата и смела приказна за семејството нелегални емигранти во Северна Дакота („Бела земја“), номинирана за Оскар за краток документарец, филм кој никого не остави рамнодушен на меѓународните фестивали.

Во анимираната програма „Анимоушн“, Марјан Захов Пецев повторно ни нуди импресивни анимирани филмови од разни страни на светот. Во неговата селекција на универзални естетско-креативни возбуди се филмовите: полскиот „Дебелиот и слабиот“ на Александра Брожина, рускиот „Кокошката“ на Васил Бедошвили, српскиот „Приказна за крушата и зајакот“ на Драгана Купрешанин, францускиот „Сладок кожурец“ на групата ЕСМА номиниран за Оскар и холандскиот „Харинга“ на Давор Бујаковиќ и Јунаид Хундригар.

За филмовите во официјалната конкуренција ќе се доделат Златна, Сребрена и Бронзена потковица, Старозлатен проектор, како и наградите „Ѓорги Абаџиев“ за најдобро сценарио, „Ацо Алексов“ за најдобар режисер, и други награди од жирито.

За програмата „Мувиленд“, која оваа година е во фокусот на најновиот краток филм од Турција, Влатко Галевски, во соработка со Универзитетскиот филмски центар „Митхат Алам“ и со Истанбулскиот фестивал на краток филм, одбра неколку интересни краткометражни филмови потпишани од претежно млади турски режисери, а за тој програмски блок ќе се додели една награда за најдобро филмско дело.

На самото отворање на фестивалот лауреатите ќе ги примат престижните награди за високи достигнувања во областа на филмот. Овогодишен добитник на авторското фестивалско признание „Астер“ е Киро Урдин, а Специјалната награда од Тивериополската филмска алијанса му припадна на актерот Боро Стјепановиќ.

Киро Урдин е роден во Струмица, на 12 мај 1945 година. Тој е познат режисер на документарни филмови, визуелен и мултимедијален уметник, член на Македонската академија на науките и уметностите. Дипломирал на Правниот факултет во Белград во 1969 година, а подоцна студирал на Академијата за уметност во Париз, Франција. Дипломирал на Академијата за филм во Париз. Од 1982 до 1983 изработувал портрети на истакнатите учесници на Струшките вечери на поезијата (Неруда, Монтале, Орлов, Окаи, Гилвик). Имал можност да твори во Франција, САД, Јапонија, Швајцарија, Шведска, Мексико, Белгија, Порторико, Филипини, Тајван. Напишал повеќе книги афоризми. Меѓу другото, автор е на наградуваните документарни и кратки филмови: „Пишта“, „Те сакам, Ибан“, „Догона“, „Кучиња и возови“, „Вода и оган“, „Две времиња“, „Чекори“, како и на „Планетариум“ во корежисерство со Иван Митевски. Сподвижник е на уметничкото движење „планетаризам“.

Боро Стјепановиќ (8 мај 1946, Вареш) е познат актер и педагог. Дипломирал актерска игра на Академијата во Белград, во 1971 година. Одиграл 50-тина филмски и уште толку театарски улоги, а играл и во голем број ТВ-серии. Некои од неговите позабележителни улоги се оние во „Кого чекаш, куме“, „Се сеќаваш ли на Доли Бел“, „Кој тоа таму пее“, „Чудо невидено“, „Мирисот на дуњите“, „Кудуз“, „Глув барут“, „Ничија земја“, „Урнебесна трагедија“, „Горчило“, „Мост на крајот на светот“, „Стратегија на страчката“, „Последниот скретничар на тесниот колосек“, „Аудиција“, „Кујна“, „Неверојатниот цилиндар на Н. В. Кралот Кристијан“, „Чекрк“, „Пикник“ и други. Работел со речиси сите врвни режисери од земјите на бивша Југославија, а неговите филмови се овенчани со високи признанија на светски фестивали. Учествувал во основањата и бил професор на Академијата за сценски уметности во Сараево и на Факултетот за драмски уметности во Цетиње, а напишал и неколку интересни книги за актерството.

Астер портретот и Тивериополските филмски беседи, посветени на лауреатите, традиционално ќе се одржат во дворот на манастирот во Велјуса. Во нивна чест во текот на фестивалот ќе се прикаже „Две времиња“ на Урдин, кој ја освои главната награда „Џиновска панда“ на Шестото издание на Меѓународниот фестивал во Јаан, Кина. Исто така, професорот Стјепановиќ на „Астерфест“ ќе одржи работилница за посебноста на филмското актерство со акцент на интермедијалната игра, модалитетите, разликите, спецификите и споредбите на филмското актерство во однос на другите медиуми.

Сите филмски проекции ќе се одржуваат во големата сала на НУЦК „Антон Панов“.



XI ASTERFEST (27-31 MAY)

This year's eleventh edition of the International Film Festival "AsterFest" in Strumica will be held from 27th to 31st May under the motto "One film everywhere, everyone at Asterfest". This time as well the festival program of "AsterFest" abounds with top recently released films from all around the world. In the "Global fiction" competition program of short fiction films selected by Sunchica Unevska there is an amazing range of exclusive film stories from Iran to Spain, from Egypt to Britain. All these stories talk about the fate of the human being in today's society, about the fate often predetermined by natural and social laws. In other words, this interesting journey to various parts of the world manages to tackle the existing problems in those countries in their essence, but also to speak of the eternal dilemmas the human being struggles with. Here we have the Oscar winner Matt Kirkby with the British "The Phone Call", the Iranian "More Than Two Hours" by Ali Asgari that was nominated at Cannes and at Sundance and won over 18 awards; then we have the French-Israeli author Tamara Erde whose movie "Disney Ramallah" won all the prizes in France and the audience as well. The Spanish "We are Friends" by the young Carlos Solano Perez was at more than 75 festivals, while the Russian Zhora Kryzhovnikov is a true revelation with the film "By Accident", who seems to depict a modern Raskolnikov. The coproduction of Macedonia with Egypt in "The Cave" by Ahmed Ghoneimy, plays with the adaptation into the changing world, while the Serbian "Dub Play" by Nemanja Lazic, through the ironic turn of events, plays with the everlasting provocative movie theme about hit-men. The "Star Documents" competition program of short documentary films selected by Gena Teodosievska generally poses the question are we prepared to face the reality. It is composed of seven exclusive creative documentary stories. For this "AsterFest" in this, in many ways, unusual year of 2015, selected are the stories that fascinated Anne-Marieke Graafmans from Netherlands, the longtime friend of this festival, a daring filmmaker who "weaves" the story of a family through the disease of the father ("Nothing Left Unsaid"); Paula Onet who goes back to her roots in a small Romanian village where her grandmother, her grandfather and their fellow villagers go through an unusual and at the same time weird photo sessions ("As You Like It"); the filmmaking duo from Italy, Spano - Picciolo who reveal a disturbing long-kept secret in the National Park Virunga in Congo ("Animal Park"); Kirsten Gaynet, the Russian filmmaker from the Republic of Bashkortostan with the story of the honest and humble soldier Gazis Mukhamedzhanov ("Live, Soldier, Live"); the German filmmaker Anabela Angelovska with unusual film story about Hakie who decided to live as Haki according to the law of "burnesha" which is practiced only in Albania ("Hakie-Haki: Living as a Man"); the young Macedonian author Pero Kovancaliev, impressed by the life of a Macedonian who attempted to seek his happiness through the casinos in Africa ("Uncle"); Christian Jensen from the United States with an exciting and daring story about a family of illegal immigrants in North Dakota ("White Earth") nominated for an Oscar for short documentary film that left nobody indifferent at the international festivals. In the "Animotion" animated program, Marjan Zahov Pecev offers us again impressive animated films from various parts of the world. In his selection of universal aesthetic and creative excitements are the Polish "Fat and Skinny" by Aleksandra Brozyna, the Russian "The Hen" by Vasil Bedoshvili, the Serbian "The Tale of a Pear and a Rabbit" by Dragana Kupreshanin, the French Oscar-nominated "Sweet Cocoon" by an ESMA group and the Dutch "Hering" by Davor Bujakovic and Junaid Chundrigar. The films in the official competition will be awarded Gold, Silver and Bronze Horseshoes, as well as "Gjorgji Abadziev" award for best screenplay, "Aco Aleksov" award for best director, and other awards from the jury. For the "Movieland" program which this year is focused on the latest short film from Turkey, Vlatko Galevski in cooperation with the university "Mithat Alam" Film Center and with the Istanbul Short Film Festival, has chosen some interesting shorts signed mostly by young Turkish directors, and one prize for best film will be awarded for that program.
At the opening of the festival, the laureates will receive the prestigious awards for high achievements in filmmaking. This year's winner of the filmmaking festival's Aster award is Kiro Urdin, and the Special award of the Tiberiopolian Film Alliance goes to the actor Boro Stjepanovic.

Kiro Urdin was born in Strumica, on 12 May 1945. He is well known director of documentaries, visual and multimedia artist, a member of the Macedonian Academy of Sciences and Arts. He graduated from the Faculty of Law in Belgrade in 1969, but later he studied at the "Academy of Arts Plastiques" in Paris and graduated from the Academy of Cinema in Paris. From 1982 to 1983 he worked on creating portraits of prominent participants at the Struga Poetry Evenings (Neruda, Montale, Orlov, Okai, Guivellic). He had an opportunity to work in France, USA, Japan, Switzerland, Sweden, Mexico, Belgium, Puerto Rico, the Philippines, and Taiwan. He wrote several books of aphorisms. He is author of the following documentaries and short films: "Pishta", "I Love you Iban", "Dogona", "Dogs and Trains", "Water and Fire", "Two Times", "Steps", and the "Planetarium" as a co-director with Ivan Mitevski. Artistic founder of the "planetarism" movement.
Boro Stjepanovic (8 May 1946, Varesh) is a famous actor and educator. He graduated acting at the Academy in Belgrade in 1971. He played about 50 film roles and about the same number of theater roles, and he played in numerous TV series as well. Some of his more notable roles are those in "Who are you Waiting for, Godfather", "Do You Remember Dolly Bell", "Who is Singing Over There", "A Real Miracle", "The Smell of the Quinces", "Kuduz", "Silent Gunpowder", "No Man's Land", "Hilarious Tragedy", "Bitterness", "Bridge at the End of the World", "The Megpie Strategy", "The Last Switchman at the Narrow Track", "Audition", "Kitchen", "The Unbelievable Cylinder Hat of His Majesty King Christian", "Winder", "Picnic", and many others. He worked with almost all of the top directors from the countries of former Yugoslavia, and his films have been crowned with prominent awards at festivals worldwide. He participated in the establishing and was a professor at the Academy of Performing Arts in Sarajevo and the Faculty of Dramatic Arts in Cetinje. He wrote several books on the phenomenon of acting.


Aster Portrait and Tiberiopolian film talks dedicated to the laureates will be traditionally held in the courtyard of the monastery Veljusa. In their honor, the film "Two Times" by Urdin who won the "Giant Panda" grand prize at the sixth edition of the International Festival Jaan, China, will be screened at the festival. In addition, the professor Stjepanovic will hold a workshop at "AsterFest" on the specificity of film acting with a special emphasis on intermedia game, modalities, differences, specifics and comparisons of film acting with other media.

All film screenings will be held in the big hall of NUCK "Anton Panov".

Financial patrons of "Asterfest" are the Macedonian Film Agency and the Municipality of Strumica.вители на „Астерфест“ се Агенцијата за филм на РМ и Општина Струмица.



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Православен календар

 

15/11/2024 - петок

Светите маченици Акиндин, Пигасиј, Анемподист, Автониј, Елпидифор и другите со нив; Преподобен Маркијан Кирски; Светиот свештеномаченик Викторин, епископ Патавски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св.бессребреници  и чудотворци Кузман и Дамјан 1/14 ноември 2024

Тропар на св.бессребреници и чудотворци Кузман и Дамјан 1/14 ноември 2024

Свети бессребреници и  чудотворци, Козмо и Дамјане, посетете ги нашите немоќи,   бесплатно примивте, бесплатно давајте ни.

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

О достославни ученици Христови,вие Бисерот го најдовте,радоста со родот човечки ја споделивте,со неа исполнети маките и прогоните за трици ги...

Тропар на св. Христови апостоли  Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Апостоли свети Христови,трагајќи по патот на слободата Христа го пронајдовте,со учењето за бесмртноста темнината на незнаењето ја осветливте,молете се о...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная