Чудото на иконата на Богородица наречена Динија (враќање)
За време на турската окупација турчин трчал по еден правславен христијанин за да го убие.
Православниот налетал на Црква, но не влегол во Светиот храм, туку се сокрил во припратата на храмот зад големата икона на Богородица која стоела на триножен статив.
Секако дека се гледал „скриениот“ зад иконата.
Се сокрил од појасот нагоре и повторно малку му се гледала главата одозгора. Неговата глава точно се совпаѓала со главата на Пресвета Богородица.
Турчинот пристигнал и го побарал. Влегол во припратата на светиот храм и ги видел луѓето како се молат.
Тоа немало никакво влијание врз турчинот. Лицата на светителите не допирале до него и не можел да ја почувствува Божјата благодат.
И му вели на православниот: "Зошто се сокри зад дрвена завеса, кутар човеку ? Мислиш дека сега не можам да те убијам?"
„Голема е милоста на Пресвета Богородица, Царицата небесна“, одговори православниот. Затоа, прибегнувам во овие тешки моменти, барајќи помош и заштита, се молел тој.
Но, турчинот бесен и без почит кон светилиштето во кое се наоѓа, стоејќи пред иконата зад која се криел човекот, го извадил пиштолот, му вперил во главата и испукал еден куршум.
Куршумот го погодил челото на Богородица, се одбил, и го убил Турчинот!
Така православниот успеал да остане жив и неповреден, заблагодарувајќи и се на Пресвета Богородица.
Оваа икона на Богородица е таканаречената Богородица „Диниос“ (што значи враќање на турски), каде што може да се види дека Мајката Божја има дупка од куршум на челото. Денес оваа икона се наоѓа во Ксирохори, Халкида.
- Кој е секогаш со Пресвета Богородица, се моли и бара нејзина заштита и помош, Богородица го штити од многу зла и неволји на овој живот.
22.09.2023 лето Господово