Иконографското ателје Св Теофил Струмички е основано во 2009, во манастирот Св Прохор Пчински, Донибрук, Австралија, со благослов на Неговото Преосвештенство, Владиката Петар.
Од тогаш студентите од ова атеље се воведени во светот на праксата и теоријата на античката Христијанска уметност од Византискиот период според Македонската Иконографска Школа.
Изучувањето на ова дисциплина, не е основана само на техничката вештина, туку взаемно на раката, умот и срцето, сите споени во едно, ја водат самата личност на уметникот над техничката умешност што е барана во повекето уметнички гранки.
Ова изучување надминува се што е во рамките на стандардното и инициира раѓање на нова личност во самиот уметник, рагање на принципи кои можеби одамна се заборавени.
Така да, се надминува светот на четката и боите, и се преминува во светот на духовноста, преку чие изучување, воедно и проучување на дисциплината и симболиката на оваа света уметност, се создаваат делата во ова студио.
Како што и доликува на една света икона, се користат само природни материјали: дрвени даски, обложени со ленено платно и природен грунд, вистинско 23 каратно злато, нанесено на црвена глина, јајчена техника, земјени пигменти…
Во ова ателје се следи методот на Охридската Школа на иконографија, која е толку карактеристична и уникатна.
Да се достигне тоа ниво на мајстворство, потребна е голема концентрација, изучување на житијата на светителите, а додека се применува оваа стара техника се изустува Исусовата молитва.
Иако се цели да се достигне високата уметничка вештина на старите мајстори, сепак дела што се резултат од оваа ателје, се одлика на фокусот и личната дисциплина на сите иконографи посебно и нивниот духовен раст.
Во ова атеје веруваме дека Уметникот(иконограф), не ја менува иконата, туку таа го менува него.
Извор: манастир на св.Прохор Пчински, Донибрук, Австралија