логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 Пастирско слово

о. Горан Стојчевски
ПОКАЈАНИЕТО КАКО ПРЕВЕНЦИЈА


Грижата за падот на наталитетот не е техничко,
туку етичко прашање, а започнува вака:
до кога ќе убиваме за да ги задоволиме сопствените страсти?
–    Mитрополит Американско-канадски Методиј


Прв ден од дежурство во храмот, чекајќи ја наредната обврска, па да си ја завршам и мојата драга домашна задача – текст за „Премин“. Сестрите што го подготвуваат списанието грижливо ми го најавија светителот кому ќе биде посветен овој број, и секако, темата што ќе одговара. За светителот, што да се каже, што да се напише, старите Латини имаат една златна поговорка: nomen est omen.  Така и за свети Јован Златоуст. Името му е ознака препознатлива низ целата вселена, многупочитуван во Светата Црква, но секако и вдахновение за сите други што Црквата грижливо сака да ги вклучи во Неа, за да не остане никој надвор од Телото Христово. Оти, таква е волјата Божја: секој да биде спасен, а останатото е ползување со дарот на слободната волја.

Но, милоста Божја е неизмерна. Љубовта распната на Крстот за секој од Адам до последниот роден од жена (без разлика на нашиот избор кон Крстот – прифаќање или отфрлање) е надвор од секој човечки збор и ангелска благовест. Љубовта Негова е во тоа што ќе има Воскресение, а какво ќе биде, сепак, повторно нам ни остава – дали сме го преобразиле животот согласно Неговиот и дали ќе засветлиме со Неговата светлина. Доколку тоа не сме го направиле, ќе бараме барем малку, еден најмал дел од „снопот“ Светлина за да бидеме осветлени, кога некој молитвено ќе си спомне за нас. Сѐ што е соединето со Бога е спасено, па ете ја смислата на животот, особено на оној во Црквата; иако, всушност, друг и не постои. За сето ова пишувале, а и сѐ уште пишуваат некои што имаат голем молитвен подвиг во Црквата. Така, секое слово осветлува, оти е испитано низ оган како златото, а словото на животот низ искушенија, та од златна уста влегува во срцето на верните, за од нив да излезе молитва која од Бога секако ќе биде услишана ако нашиот труд е да се храниме, т.е. воспитуваме со Него – лично умно-срдечно и соборно литургиски. Но, тоа, реков, други многу подобро ќе ви го пренесат и ќе го направат подостапно за вас. Јас само попатно го користам за да соберам некое златно слово и да го споделам со вас.

Ете, дадовме вовед, па да ја кажам темата: абортус, чедоморство, прекин на бременост, пометнување... Сигурно го знаете ставот на Црквата. Тоа не е став произлезен од догмите и каноните, туку став произлезен од Самиот Живот, од Христос Богочовекот. Зарем Животодавецот би имал поинаков став од животот што го дава, а заедно со животот и милоста што ја излева, подарувајќи ни се нам, со тенденција тој живот да биде осветен, а човекот обожен. Та за каков поинаков став можеме да размислуваме освен трудољубиво „амин“ за таа Љубов.  

Од досегашното искуство од Светата Тајна Исповед, уште пред да биде започнат каков било разговор или отворање на срцето, прво што се исповеда како грев е – абортусот. Не е тоа поради некоја кампања што поттикнува будење на совеста, туку едноставно преумувањето во животот, поттикнато од благодатта, сигнализира дека сме згаснале нечиј живот. Колку и да сакаме да го оправдаме своевремено, сепак, тука ни се открива дека нема ништо посвето од човечкиот живот, од личноста на човекот што во самиот зачеток ја уништуваме физички, а психички самите повеќе ќе бидеме подложени на страдање ако не се исповедаме.

Но, да не се залажуваме дека тоа не го правиме сите, не само жените, туку и мажите кои се незаинтересирани, дури и поттикнувачи да се изврши прекинувањето на еден зачнат живот, подарен од Бога, а отфрлен од човекот. Ова е доволно колку да ни биде јасно што се случува. Сепак, за да не навлегуваме во она што се нарекува осудување, ова е само поттикнување и охрабрување за сите што направиле или поттикнале чедоморство да дојдат и да се исповедаат. А покајанието секако ќе биде примено, за да се отвори можноста да се причестат со Животот, та во Него да сфатат дека Неговото Воскресение е „гаранција“ и дека ништо од тоа што Он го подарил нема да биде загубено.  Притоа, повторно им се нуди можност во Црквата да бидат исцелени преку нивните молитви за невините души што сакале да ги остават во заборав, во интерес на „нашиот“ комотен живот без крст, без да почувствуваме каква било болка или страдање. Нивните молитви за невините душички ќе бидат исцеление за нив, оти милоста Божја во Воскресението повторно ќе нѐ сретне, но за да не ни бидат судии, туку наши, т.е. во Бога чеда.

Но, сето ова ќе го објаснам низ една случка. Една мајка го губи својот син. Тој умира од неизлечива болест, зад себе ја остава својата сопруга и двомесечното бебе... Тешка е таа болка, како онаа на Наинската вдовица од Евангелието, која го губи својот син. Иако нејзината болка не може никој да ја опише, дури и од дното на срцето да сочувствува, сепак, таа постојано се молела со една молитва: „Мил мој Господи, сѐ си ми дал, дај ми уште и благодарно срце“. Во сета таа болка таа бара да биде благодарна на Милоста. Нејзината снаа, иако знаела дека нејзиниот сопруг ќе почине, останува со него, не ја прекинува бременоста, туку го раѓа нивното дете. Горе-долу сите сме слушнале, а некои и го поминале искушението кога наместо благодарност го отфрламе Божјиот благослов. Наместо благодарно срце, ние не загубата, туку добивката на живот сакаме да ја отфрлиме, и тоа не поради здравје, туку само за да го избегнеме Крстот и да ја одбиеме чашата што ни ја дава Бог да ја испиеме, а која и самите сме си ја наточиле. Смислата и целта на бракот секако не е во раѓањето деца, иако тоа е многу голем благослов преку кој ни е дадена можност да водиме еден образ Божји кон подобие, да бидеме соработници Божји во воспитанието – сотворци на Творецот. На тој начин, воспитувајќи ги децата правилно, треба да чиниме од нив и наши молитвеници и застапници пред Бога. Тоа е тој напредок, не само поради земно опстојување, туку, пред сѐ, поради небесното застапништво што ќе произлегува од молитвата на нивните усти, кои благодатта ги прави златни. 
 
Тешко е во ова време, кога сексуалната „револуција“ веќе го исполнила секој простор од човечкиот живот, да се зборува за воздржување и девственост. Затоа, да не одиме во критика, туку да се преиспитуваме себеси уште од младоста, па и понатаму да се испитуваме на патот кон идеалот на вподобување на Христа. Црквата снисходи како Мајка, која во секој случај и на кој било начин сака нејзините чеда што се родени во Крштението да си ги прибере, за да бидат свесни дека големо зло си навлекуваме на себе ако го отфрлиме благословот Божји. А уште поголемо зло си навлекуваме ако неисповедани за тој грев се причестиме. Ете, погледнете како тоа веќе се рефлектира на целото наше општество, кое и ќе престане да биде препознатливо наше, барем како традиционално или номинално христијанско, оти вистинските литургиски вредности не ги живееме. Во нашите клиники преку абортусот исчезнуваат не само семејства, туку и цели населени места, градови. И, кого да го обвиниме за тоа? Нефункционалноста на државата, приливот на странци, животниот стандард или нефункционалноста на својата совест?Од друга страна, пак, и дарот од Бога – децата, веќе почнуваме рекламно да ги третираме – идолатриски, како приврзоци за разубавување на личниот стајлинг, или како некоја лична своина што ја храниме со себепроектираните и неостварени идеи за нас самите, наместо да ги храниме со Бога и со молитва. Во комодитетот што сме си го поставиле како цел, а која како и секоја непреобразена страст ќе роди зло, така и во таа насока на купен мир поставуваме некој „просперитетен“ лимит за бројноста на деца, а сѐ што е благословено повеќе од тоа, го отфрламе. Никако да отфрлиме некоја страст од животот за со благодарност да го прифатиме благословот; дури не ни внимаваме дека се исправа и една можност во целото тоа снисходење да се прифати и помалото зло (користењето презервативи) само за да не дојде поголемото, т.е. убивањето на благословениот живот. Како што и самиот свети Јован Златоуст забележал, природно е да се раѓаат деца, но повозвишена е целта тие деца да ги образуваме во Бога.

Останува заклучокот дека ни треба исповед, ни треба покајание за абортусот во онаа мера во која требаше и тие деца да се родат, и да бидат воспитани во Бога. Ќе спомнам и еден цитат од свети Климент Римски, кој за првите христијани (кои живееле во време слично на нашево, иако условите нам сега ни се понаклонети) имал важност како заповед Божја, а гласи: „Овој век и идниот се непријатели: едниот дозволува прељуба и предвремено отфрлање на плодот од утробата и среброљубие, а другиот тоа строго го забранува“. Повторно видовме дека секоја наша постапка е рефлексија на некоја страст. Тука е спомнато среброљубието, а ние сме чуле од Отците и за сластољубие и за славољубие, но од нив сме чуле и за покајание. Без оглед на тоа што сме направиле, покајанието се рефлектира во очистувањето од страстите, просветлувањето и обожението, онака како што се верата, надежта и љубовта.

P.S. По еден убав повод слушнав два-три збора дека во бурата на овој живот треба да се потрудиме да мислиме малку и на Господ. Малку, иако заслужува многу, многу повеќе, т.е. сиот наш живот. Но, ете, да мислиме малку и на Него и да Му се молиме малку повеќе за да нѐ просветли што да правиме со најголемиот дар од Него – Животот.

 

19-ти февруари 2017 лето Господово

 

 

Извор: ПРЕМИН бр. 117-118

Пастирско слово

о. Горан Стојчевски
ПОКАЈАНИЕТО КАКО ПРЕВЕНЦИЈА



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3216
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7707
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

25/12/2024 - среда

Божикен пост (пост на масло)

+Свети Спиридон Чудотворец, епископ Тримифунтски; Светиот свештеномаченик Александар, епископ Ерусалимски; Светиот маченик Разумник; Преподобен Герман Алјаски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная