логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Свети Јосиф Спилеот (Исихастот)     

          monah.obala.jpg     
Ч
едо мое, сека ќе слушнеш за доаѓањето на Божјата благодат, и како се разликува од прелест. Ние велиме дака на оној, на кого сме му дале вино знае да го разликува од оцетот. Така треба да ја разбереш и Божјата благодат. Оној, кој ја вкусил еднаш, потоа ја препознава прелеста. Така треба да ја разбериш и Божјата благодат. Штом умот ќе обрне внимание на прелеста, човековото срце се исполнува со поматеност. Умот се помрачува, па дури и косата се крева. Човекот се расејува како балон. Напротив Божјата благодат е слатка, тивка, смирена, очистувачка, просветлувачка, радосна и заради тоа нема сомнеж дека тоа е Божјата благодат.
Обрни внимание и добро научи на кој начин божјата благодат доаѓа, и како по патот на вистината се разликува од прелеста. 

 Ние велиме дека монашкиот живот е ваков:
Кога благодата Божја ќе го просветли човекот и го оддалечува од светот, тој доаѓа во општежителен манастир. Тој станува послушен на сите, и се радува што ги исполнува Божјите заповеди. Ги исполнува оние духовни обврвски, кои се востановени за него, надевајќи се на милоста Божја. Општо, таков е патот по кој чекорат многу Отци на Црквата. Но постои и друг краток пат, за кој ќе ви зборувам. Тој краток пат не е изум на човеково знаење, туку ни е даден од самиот Господ, кој секој го поучува како сака Неговата света воља.

Кога благиот и човекољубив Бог ќе испрати дел до Својата благодат во срцето на грешниот во истиот час тој станува и бара духовник и ги исповеда сите свои дела што ги направил. Бара пустина, пештера, да би се сочувал од страсти, а со суровиот живот,  гладот, жедта, и со другите подвизи се поправа од претходната патека по која одел. Бог му дава уште поголема благодат, така да од љубов према Бога гори како огенена печка. Му дава и голема ревност, за исполнување на Божјите заповеди, и голема омраза кон страстите и грвот.

 Потоа со голема спремност почнува да го раздлелува својот имот, без разлика дали е многу или малку. Кога ќе постане сосема сиромашен, и кога ревносно ќе почне да ги исполнува Божјите заповеди, веќе не е во состојба да ја задржи љубовта. Како жеден елен лута низ пустината тражејки учител за да го води во духовниот живот.

 Меѓутоа добрите учители денес сосема исчезнаа, останаа уште малку кој одат по тој пат, а тој плаче бидејки не го наоѓа тоа што го постигнал во минатото. Што да направи со толку голема ревност кон безмолвието? Тој испитува и го бара најопитниот учител, се потчинува на послушанието, и со молитва и благослв го започнува духовниот подвиг. 

 Чувствувајќи  таква голема ревност, денес многумина примиле монашка схима, и со молитва и благослов од својот старец, се оддалечувале во осаменост да се подвизуваат во безмолвието. Од време на време, доаѓаат да се посоветуваат. Други остануваат заедно, и имаат благослов за одредено време да тихуваат, да плачат, да бдеат, да постат, да прават метании, и општо да се грижат за внатрешната чистота и да војуваат со страстите. Кога некој на овој или на оној начин се предава на тихувањето, толку повеќе се предава на подвигот.

  Овде сепак е потребно големо внимание. Постојат многумногумина кој го користат безмолвието за да им  служат на своите страсти. Тие неможат да го поднесат послушанието и навредите, ја сакаат својата сопствена воља. Постанувајки робови на страстите, им служат на гневот и телото и така сосема се опрелестуваат.

 Оној пак кој безмолвува заради Христа, непрестано пролева солзи и ги оплакува своите гревови. Со голема ревност се предава на подвигот до смрт. Се присилува себеси, видишувајки и издишувајки да изговара: „Господи Исусе Христе помилуј ме!“, и го собира својот ум согласно поуките за трезвеноумието од светите Отци.

 Поминувајки низ сето тоа и трудејки се, за се да биде според Божјата воља, умот малку по малку таинствено почнува да ја чувствува Божјата помош, која го очистува. Таа го омекнува неговото срце, за жалост, послушание и ревност. Како некоја мајка кога го чува своето дете и го одгледува. А кога благодата ќе се повлече, тој не познавајки ја Божјата промисла, плачејки жали за неа. И додава пост, страдање, бдение, мислејки дека така ќе ја врати Божајта благодат. Искушенијата го разжалостуваат на секој начин, за да со солзи моли повеќе помош од Бога, таков е Божјиот домострој, промислата за негово духовно растење.

 А кога повторно ќе се врати благодата, тој како младенец почнува да вика: „Ах, кога ме напушти, демоните само што не ме угушија, не заминувај повеќе, што да направам за да те задржам“. Како младенец, мисли дека неговите подвизи му ја враќаат благодата, и размислува како да не ја изгуби. Но, малку по малку, доаѓа се побргу и се повеќе. А тој, како младенец смета дека му е дарувана како награда за неговиот труд.

После три - четири години, согледува дека Божјата благодат е постојано со него, ги ублажува своите страсти и го умртвува демонот кој повеќе номоже да војува со него бидејќи  е заштитен од Божјата благодат. Кога е буден, оди или работи, постојано му течат солзи. Кога се моли со умот, чувствува како приврено го посетува светол облак. Кога спие, макар и кратко, има прекрасни сонови: рајска градина со дијамантни цвеќиња, и неопислива палата која свети како сонце, а кога ќе се разбуди неговиот ум се повеќе ревнува. Воодушевен, од размислувањата за вечното добро, се труди да биде негов иден наследник. 

 oltar.prekrasen.jpgИ овде, чедо мое, е неопходно вниманието и расудувањето за да не ги  проверува своите сонови дали се од Бога или од демонот. Бидејќи сите неможат така да расудуват, на соновите не треба воопшто да им веруваме. Инаку,  лесно ќе ги препознаете соновите кои се од Бога. Тоа се гледа во длабочината, а понекогаш и во лесен сон, кога човекот мисли дека спие а не спие, а таквите сонови трајат кратко. Кога ќе се разбуди, човекот е исполнет со радост, а тоа што го видел го привлекува умот на созерцание. На тоа се сеќава цела година, и не го заборава. А соновите кои се од демонот ја исполнуваат душата со разматеност. Кога човекот ќе се разбуди, сеќавајки се на сонот, се исполнува со страв. А тоа ни срцето не го прифаќа. А дури и за време на сонот, кога ги гледаме не се постојани туку се менуваат. По тие промени, непријатности и метежот можеш да препознаеш од каде доаѓаат. Постојат и други сонови кои потекнуваат од мечтаењето на умот или од прејаденост, но нема потреба да зборувам за нив сега. Срцето на подвижникот и кога спие е обземено со молитва.

 Гледајќи ги сите тие добра, духовниот младенец нема опитно знаење за да ја разбере и разликува Божјата промисла. До тоа време, од него истекува светлос и темнина, а неговите дела се помешани со страсти. Заради тоа мисли дека тоа Бог му го дава заради негов подвиг. А злобниот демон, постојано сее отров, како што некогаш и направи на Ева. Сето тоа се случува по Божјо допуштање, за да се научи на смирение.

 Демонот почнува да му зборува: “Слушаш ли, зборуваат дека Бог денес не дава благодат“. Бидејќи тие не сакаат да се подвизуваат и не допуштаат и друѓите да се подвизуваат велејќи: “Ќе бидеш опрелестен, ќе паднеш, ќе се изгубиш“.

 Тој не ја гледа замката која му ја плете домонот бидејќи, е неопитен во борбата, го уништува и прифаќа лага за вистина. Но можеби, сето тоа се случува според Божјиот домострој, за тоа да го научи, за да не остане постојано младенец.

 Слава на Божјата премудрост, која на различни начини ја исцелува нашата душа. Слава и благодарност, сега и секогаш и во сите векови. Амин.

 Подготви: Звонко Алексов

Посети:{moshits}



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 2026
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2546
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Православен календар (2)

 

25/12/2024 - среда

Божикен пост (пост на масло)

+Свети Спиридон Чудотворец, епископ Тримифунтски; Светиот свештеномаченик Александар, епископ Ерусалимски; Светиот маченик Разумник; Преподобен Герман Алјаски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная