На празникот Богојавление Патријархот Илија II изврши традиционално крштение на деца од многудетни семејства (19.01.2009)
Воочи празникот Богојавление (Крштение Господово) Грузискиот патријарх Илија II изврши Голем Богојавленски водосвет во храмот на Света Троица.
Денес, Поглаварот на Грузиската Православна Црква отслужи Божествена Литургија.
Исто така, според востановената традиција на иницијатива на Патријархот денес се крстија неколку стотини деца, чијшто кум на крштевањето е самиот Грузиски Патријарх Илија II. Од регистрираните 620 деца, коишто се трети по ред или над тоа деца од венчаните грузиски православни семејства, денес се крстени некои од нив, а останатите ќе бидат крстени накнадно.
Извор: Patriarhia.ru