логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail


                                                 

   Стојте цврсто на духовна стража, затоа што не знаете кога Бог ке ве повика кај Себе. Во вашиот земен живот бидете секогаш подготвени да му положите сметка. Внимавајте непријателот да не ве фати во неговата мрежа, да не ве измами и предизвика да паднете во искушение. Секојдневно испитувајте ја својата совест; обидувајте се да ги исчистите вашите мисли, вашите намери.
     Си живеел некогаш некој крал кој имал лош син. Немајќи надеж дека тој ќе се промени на подобро, неговиот татко го осудил својот син на смрт. Му дал еден месец да се подготви.
     Изминал еден месец, и таткото го повикал синот. На негово изненадување тој видел дека младиот човек забележително се променил: неговото лице било слабо и испиено, и целото негово тело укажувало на тоа дека пател.
      „ Како ти се случи толкава промена, синко мој?“ прашал таткото.
      „Татко мој и мој господару“ одговорил синот, „ како може да не се променам кога со секој ден сум се поблиску до смртта?“
       „ Добро синко,“ рекол кралот, „ бидејќи очигледно си се опаметил, ќе те помилувам. Но мораш да ја задржиш оваа будна состојба на душата до крајот на твојот живот.“
       „Татко“ возвратил синот, „ тоа е невозможно. Како можам да им одолеам на безбројните заведувања и искушенија?“
      Тогаш царот наредил да се донесе сад, полн со масло и му рекол на својот син: „Земи го овој сад и носи го низ сите улици на градот. Ќе те следат двајца војници со остри мечови. Ако истуриш само една капка од маслото тие ќе ти ја отсечат главата.“
     Синот послушал. Со лесни, внимателни чекори, одел по улиците на градот а војниците го придружувале. Не истурил ниту една капка.
    Кога се вратил во замокот, таткото го прашал „Синко, што виде додека одеше по улиците на градот?“
      „Не видов ништо.“
      „Како мислиш ништо?“ рекол кралот.
      „Денес е празник; мора да си ги видел тезгите со разни дребулии, многу кочии,луѓе, животни...“
      „Не забележав ништо од тоа,“ одговорил синот. „Цело мое внимание беше насочено на садот со масло. Ми беше страв да не истурам капка и при тоа да го загубам мојот живот.“
       „ Токму така синко“ рекол кралот „ Памти ја оваа лекција цел живот. Бдеј над својата душа како што пазеше денеска на садот со масло. Оттргнувај ги мислите од она што наскоро и така ќе помине, и фокусирај ги на она што е вечно. Нема цел живот да те следат вооружени војници, но ќе те следи смртта до која секој ден сме се поблиску. Биди внимателен и чувај  ја душата од погубни искушенија.“
      Синот го послушал својот татко, и живеел среќно оттогаш па натаму.
  Бидете бодри, стојте во верата, бидете мажествени, бидете крепки; (Кор.1, 16:13). 

Апостолот им го дава на Христијаните овој важен совет, за да им укаже на опасностите во овој свет, да ги повика на често испитување на нивните срца, затоа што без тоа тие лесно можат  да ја уништат чистотата и ревност во верата, и без да забележат да преминат на страната на злото и неверието.
    Како што основна грижа е да се биде внимателен кон се што може да му наштети на нашето физичко здравје, така нашата духовна грижа треба да биде да внимаваме нешто да не му наштети на нашиот духовен живот, вербата и спасението. Затоа, внимателно проценувајте ги вашите внатрешни импулси: дали се тие од Бога или од духот на злото? Бидете свесни за искушенијата од овој свет и од световните луѓе; бидете свесни за скриените внатрешни искушенија кои доаѓаат од духот на индиферентност и безгрижност и невнимание во молитвата, од исчезнување на Христијанската Љубов.
    Ако обрнеме внимание на нашиот ум, ќе забележиме наплив од последователни мисли и идеи. Овој наплив е постојан; тој не следи насекаде и во секое време: дома, во црква, на работа, кога читаме, кога разговараме. Обично се нарекува размислување, пишува архиепископот Теофан Испосник, но тоа всушност е вознемирување на умот, расфрлање на мислите, недостаток на концентрација и внимание. Истото се случува со срцето. Дали некогаш сте го набљудувале животот на срцето? Пробајте само кратко време и видете што ќе откриете. Нешто непријатно се случува и вие сте нервозни, се случува некоја несреќа и вие се самосожалувате; гледате некој кој не ви се допаѓа, и ве обзема чувство на непријателство; среќавате некој рамен на вас кој сега ве надминал на општествената скала, и почнувате да му завидувате; мислите на вашите теленти и способности, и почнувате да се гордеете....Оваа расипаност: суетност, животинска желба, лакомост, мрзливост, злоба- едно поголемо од другото, сето ова го уништува срцето. Сето ова може да помине низ срцето во неколку минути. Поради оваа причина еден аскет, кој посебно внимавал на себе, бил во право кога рекол „срцето на човекот е исполнето со отровни змии. Само срцата на светците се ослободени од овие змии, страстите.“
    Но таква слобода се стекнува само преку долг и тежок процес на себеспознавање, работејќи на себеси, со ревност кон внатрешниот живот т.е. душата.
       Биди внимателен. Бдеј над својата душа! Оттргни ги мислите од она што и онака наскоро ќе помине и насочи ги кон она што е вечно. Тука ќе најдеш среќа по која трага твојата душа, и за која е жедно твоето срце.

 

Извор:John Maximovitch- Arhiepiskop stanal vo 1934 na 28 MAj, izvor "Word of the Church" 2002 No.2


                           Превел од Англиски проф.Светлана Димовска 

 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Март 09, 2023
Jovana.matevska

Интервју со Јована Матевска Атанасова – писателско име кое полека оди кон врвот на македонската литература

Најпрво сум радосна што ја имав привилегијата да пораснам емотивно. Некои луѓе трошат цел еден животен век без да ја раздвижат душата и да ја пуштат низ ребрата, кои таму се поставени само физички да ја додржуваат, но не и духовно да ја ограничат. Затоа што…
Ноември 29, 2022
1926.Sava.SHumanovich

Конзерваторска приказна за сликата „Турска бања “

Со стручно-научна поддршка на Институтот за историја на уметноста на Филозофскиот факултет на Универзитетот во Белград, во рамките на дводневната научна конференција во изминатиот викенд, истакнати експерти од Србија, Хрватска, Северна Македонија и Франција…

„Турска бања“ на Националната галерија изложена во Европска престолнина на културата за 2022, Нови Сад

Сеп 26, 2022 Ликовна уметност 632
TViTer448
„Ваквите претставувања отвораат врати за идни билатерални соработки помеѓу нашите земји.…

ТРКАЛЕЗНА МАСА ЗА ПОДАТОЦИТЕ ЗА Е-ТРГОВИЈАТА ВО НАШАТА ЗЕМЈА

Јул 24, 2022 Друго од култура 966
TViTer319
Од АЕТМ велат дека со оваа тркалезна маса, Асоцијацијата за е-трговија на Македонија и…

Конгресот на САД ќе носи резолуција за славење на македонскиот јазик и наследство

Јан 27, 2022 Друго од култура 1289
Во Конгресот на САД е покрената резолуција за прогласување на септември 2022 за „Месец на…