логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 sv.Mojsej.Murin.jpg

Митрополит Пимен
Сајбер мисија за ПРЕМИН кон жива вера

За наша среќа или несреќа сегашниве генерации сме современици на еден мошне брз и прогресивен техничко-технолошки, а во последно време и информативен развој. Од измислувањето на парната машина, моторите, а потоа и на струјата и нејзиното ставање во употреба како движечка сила, па до денешниве автомобили, компјутери, мобилни телефони, достапноста на електронските медиуми, интернетот како глобална мрежа, сето тоа е направено со цел  да му се олесни животот на човекот. Но, уште од самиот почеток на развојот на овие олеснителни “алатки” се појавува и отпорот кон нив. Лудистичкото движење со кршење на машините од страв да не им ја превземе работата на луѓето е првиот пример на отпор, но и во религиозните кругови се појавува еден отпор кој отфрла се што значи примена на опрема од технички и технолошки карактер со убедување дека тоа е ѓаволска работа. За жал, и ден денес опстојуваат ваквите размислувања. За таквите добро би било да се потсетат дека при создавањето на светот  во Шестодневот секој ден Господ Бог го завршува со проверка и потврда дека  се е добро создадено(1. Мој.). Биле создадени и сите ангели вклучително и Сатанаил кој сега го знаеме како предводник на паднатите ангели или демоните. Но, и тој е создаден како добар, како светлоносен и првноначален ангел кој отпаднал заради својата гордост. Па така уште еднаш гледаме дека ништо лошо или зло не е создадено од Бог. Но сепак егзистираат прашањата од типот: дали денешниов техничко-технолошки и научен прогрес може да биде лош сам по себе ? Можеби ако се оди по логиката, да беше од Бог создадено се тогаш сигурно ќе беше добро, но вака како човечка креација или измислица може и да е зло? Тоа е логичната недоумица!  Е да, логично, но без Божјо допуштение може ли нешто да се создаде? Ако пак е со Божјо допуштение нешто создадено, денес, по истата логика на создавање на сé ќе е прегледано од Бог и увидено дека е добро, и ставено во употреба како и во Шестодневот, бидејќи повеќе од сигурно е дека Бог по создавањето на светот не кренал раце од сé, и не оставил од созданието да настане хаос. На крајот на краиштата, што е толку ново создадено и покрај тоа што изгледа како светот наеднаш набрзина да се развил во последниве две столетија? Се што е создадено во изминативе два века е создадено од нешто што Бог го создал, што го повикал од непостоење во постоење. Создателот ни од што во постоење привел сé, затоа и материјата е приведена во постоење и создадена од Бог, и создадена е како добра, а ние личности во кои е втиснат образот Божји, како  да ја обликуваме материјата не можеме да ја направиме зла сама по себе. И сега ако сето ова го изложиме онака како што е по Божја промисла, и ако го усвоиме како знаење, ќе се зачуваме од повторното роптање како оние умови што инквизициски размислуваат кога своевремено западната црква, па се борат против технолошкиот развој и мисла, или пак како оние што заоѓаат во зилотизам (т.е. оние кои сметаат дека нема потреба од ништо ново на светот, и кои се сметаат за ревнители кон фундаменталната вера со штурото образложение дека тоа ѓаволска работа односно дека се користи и наведува само кон ѓаволот) или пак како дуалистите кои учат дека од Бог е само доброто создадено, а материјата како зло пак од ѓаволот, па така секоја материјална иновација ја сметаат за ѓаволска измислица. Сите овие три начини на размислување Црквата ги разгледала и увидала дека се погрешни и ги отфрлила. На пример, колку и да изгледаат некои работи како зло ако се потрудиме да размислиме околу нивната основна употреба, всушност ќе знаеме зошто Бог ги дозволил. Нели отровот иако изгледа зло, тој е основа на цела фармакологија? Нели оружјето она најпримитивното изработено од камен, па преку железното, бронзеното оружје му служело на човекот да се одбрани од дивите зверови или пак за лов за да обезбеди месо за прехранување?  И каде гледаме тука зло? Подоцна и огненото оружје повторно требало да ја има истата намена или пак една хумана првенствено за одрзување на мирот со стравот што владеел од неговата употреба (имајте го в предвид изумот на Нобел). И сега употребив збор употреба, а тоа е клучен збор кој треба да ни дообјасни се, односно треба сé да ни се разјасни кога ќе го откриеме неговиот антином злоупотреба. Значи ништо што е создадено и измислено не е зло само по себе, туку сé што може да се употреби може и де се злоупотреби.

Не се далечни времињата кога одреден круг на екстремно побожни луѓе ја отфрлаа телевизијата како нешто ѓаволско, а денес многу цркви имаат свои телевизии, а уште се поблиски времињата во кои имаше и има отпор против интернетот, со небулозата дека и тој бил ѓаволски. А, ако на него се стават како што се веќе и ставени преводи на многу јазици од Светото Писмо, разни светоотечки текстови, современи теолошки размислувања, информации за разни верски настани и прослави, христијански веб страници, портали, блогови што има лошо или ѓаволски тука? Ако нешто се користи во добро, ако некому му користи на полза, зошто би било ѓаволски? Некој обвинува за сајбер духовништво. А да си најде и сам одговор таквиот преку прашањето зошто апостолите ги запишале своите евангелија, зошто пишувале и праќале соборни посланија? Нели сето тоа било со цел Евангелието и посланието да стигне онаму каде што не може и самиот апостол? И што е проблемот со сајбер духовништвото? Нели е само посовремен и побрз начин на ширење на христијанството? Што треба да прави духовништвото во денешно време, да се затвори во црквата и да проповеда само од црковниот амвон и постојано да го слуша една и иста група на верници кои редовно ја посетуваат црквата? Така ќе остане проповедта ограничена, и не ќе може да ги пробие границите на онаа постојана група верници. Треба ли и да се оди од врата на врата за да се проповеда или можеби треба да ја почитуваме слободната волја на секого слободно да се определи за Бог или без Него или не дај Боже против него?

Според мене, интернетот (и Порталот) на него е едно мошне добро средство за христијанска мисија во денешно време бидејќи до крај се почитува нашата слободна волја. Ако сакаме да научиме нешто или да се консултираме околу верата ќе кликнеме на интернет и ќе побараме она што ни треба, а доколку не сакаме да научиме нешто за Бог и верата никој нема на сила да ни отвори некоја побожна верска страна.

За крај има ли потреба да пишувам за оправданоста и полезноста на постоењето  на интернетот и верските страници, портали и блогови? Па седнете и избројте ги светоотечките текстови, преводите, авторските текстови и беседи, информациите од разни црковни чествувања, прашањата и одговорите од он лине разговорите со духовник, коментарите од активното учество на читателите и што ли уште ПРЕМИНИ-ува на овој портал за изминативе 5 години колку што постои, видете го бројот на посетители, видете го бројот на Facebook пријатели и споредете го со бројот на било која активна парохија. Има ли потреба уште нешто да кажам?

п.с. Добро е да се учи и on line за верата, но сето тоа и да се практикува во живата Црква. Мисијата може да биде и сајбер во денешно време, но Црквата Божја и по милиони години нема и не може да биде сајбер. Црквата е Самиот Христос, Негово Тело и Крв со Кои благодатно живееме.

Честит роденден!

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 2026
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2546
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Православен календар (2)

 

25/12/2024 - среда

Божикен пост (пост на масло)

+Свети Спиридон Чудотворец, епископ Тримифунтски; Светиот свештеномаченик Александар, епископ Ерусалимски; Светиот маченик Разумник; Преподобен Герман Алјаски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная