Премин Портал

Кожувчанка

TVITer290

ОПТИНСКИТЕ СТАРЦИ – ЗА ТАЈНАТА НА ЧОВЕЧКАТА ДУША

Оптинските старци знаеле една важна тајна: човек може да изгледа како страшно чудовиште и последен ништожник. Неговите постапки можат да бидат несмасни, а мислите – неразумни. Но, и покрај сè, некаде длабоко во него сепак живее светло сонце, љубов и едно мало, добро дете!

Оптинските старци ја знаеле големата тајна на човечката душа – нејзиното Небесно достоинство!

Кога игуменијата од Шамордино му раскажувала на преподобниот Амвросиј дека во манастирот доаѓаат многу тешки и сложени сестри, тој одговарал:

„Мермер и железо – кај нас сè ќе најде свое место!“

Односно, во секој човек постои своја посебна убавина, своја единствена вредност, свој неповторлив образец на душата!Тоа е она за што подоцна пишувал од прогонство и светиот Атанасиј Ковровски:„Во светот, всушност, нема ништо бескорисно, непотребно или бесмислено! Сè има своја смисла, значење и предназначение! Не можам да прифатам дека постојат луѓе кои се непотребни и бескорисни. Мислам дека нема човек кој барем еднаш во животот не му послужил на некого – макар и со чаша студена вода! А ако послужил, тогаш можеби токму заради тоа добро дело му бил даден и животот, и тој не ја изгубил својата награда...А ако некој, можеби, во целиот свој живот не подал ниту една чаша вода – сепак, некој друг му подал нему! Тогаш, значи, смислата и користа од тој, навидум бескорисен живот, била во тоа што друг човек направил добро дело токму заради него...“Оптинските старци нè учат во сè да го гледаме Божјиот Промисл. Нè учат да ја бараме длабочината, смислата и вистинитоста на животот. Ни помагаат да стекнеме и да ја вселиме љубовта во своето срце.И нè потсетуваат дека во животот треба да одиме по средниот, царски пат.Преподобниот Амвросиј ѝ велел на една монахиња:„Мелитона! Држи се до средниот тон! Ако земеш високо – ќе биде тешко! Ако земеш ниско – ќе биде лизгаво! Мелитона! Држи се до средниот тон!“А преподобниот Варсонофиј потсетувал:„Сите наши старци секогаш велеле: ‘Смирувајте се! Смирувајте се!’ Овие две добродетели – љубовта и смирението – толку се условуваат една со друга, како што се условуваат топлината и светлината!“Токму од таа топлина на љубовта и светлина на смирението толку многу недостасува во нашиот живот!Секој од нас знае: кога во срцето нема љубов, кога во него има само студ и себичност, односите со ближните носат разочарување, празнина и бесмисленост.А кога постои макар и една искра љубов, тогаш секоја средба станува откривање – новост, длабочина и радост!Можеш да си направиш и жуљеви на прстите од бројаницата, можеш да ја разбиеш главата од безброј поклони, можеш и со глад да се измачуваш – но ако не му се насмееш на човекот што Бог го испратил на твојот животен пат, ако не му подадеш рака, ако не го сослушаш со сочувство – сè е залудно, сè е празно...— Игумен Тихон (Борисов) ☦️



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

☦ Православен календар

Пост

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на воздвижение на Чесниот Крст 27 септември/14 септември   2026

Тропар на воздвижение на Чесниот Крст 27 септември/14 септември 2026

На овој ден се празнуваат два настани поврзани со Чесниот Крст: прво, пронаоѓањето на Чесниот Крст на Голгота, и второ,...

Тропар на Рождество на Пресвета Богородица  21 септември/8 септември 2026

Тропар на Рождество на Пресвета Богородица 21 септември/8 септември 2026

 И така, таа била пo таткo oд царски рoд, а пo мајка oд рoдoт архиeрeјски, и сo тoа вeќe Гo...

Тропар на полагање на ризата на Пресвета Богородица 13 септември/31 август 2026

Тропар на полагање на ризата на Пресвета Богородица 13 септември/31 август 2026

После своето успение, Пресвета Богородица му го даде својот појас на апостолот Тома. Тој појас подоцна беше пренесен во Цариград 

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная