Таа сила на верата во Бога, нè поткрепува во таинството на животот да се движиме смирено, осознавајќи дека нашето постоење нема основа самото во себе, дека не сме плод на природна случајност, туку дека човекот е потенцијална личност или секвенцијален примерок, чија вредност не е однапред одредена. Ние сме возљубени Божји созданија, кои имаат можност да создадат сопствен начин на постоење ‒ добродетелен или злодејствителен.
(Извадок)
„Предвечниот Бог Кој вовел сѐ од небитие во битие, кому Му служи неброен ангелски собор, а на чие славословие денеска и ние празнувајќи се придружуваме, сепак благоволил токму од човек да прима логосен, литургиски принос. Затоа, восхитени од Божјата љубов, преку зборовите на псалмопеачот се прашуваме: Што е човекот, та го паметиш (Пс 8, 5), или синот човечки, та внимаваш на него (Пс 143, 3)!?
+++
Таа сила на верата во Бога, нè поткрепува во таинството на животот да се движиме смирено, осознавајќи дека нашето постоење нема основа самото во себе, дека не сме плод на природна случајност, туку дека човекот е потенцијална личност или секвенцијален примерок, чија вредност не е однапред одредена. Ние сме возљубени Божји созданија, кои имаат можност да создадат сопствен начин на постоење ‒ добродетелен или злодејствителен.
+++
„Постот и покајанието“ (нивната суштина и значење)- По подробното и систематско изложување следуваа прашања од страна на учениците, кои направија ова предавање да премине во една поучна систематско-практична дискусија, од која сите ние извлековме многу душеполезни знаења, заклучоци и поуки.“