Митр. Кумановско-осоговски Григориј: Што е човекот, та го паметиш (Пс 8, 5)...
Таа сила на верата во Бога, нè поткрепува во таинството на животот да се движиме смирено, осознавајќи дека нашето постоење нема основа самото во себе, дека не сме плод на природна случајност, туку дека човекот е потенцијална личност или секвенцијален примерок, чија вредност не е однапред одредена. Ние сме возљубени Божји созданија, кои имаат можност да создадат сопствен начин на постоење ‒ добродетелен или злодејствителен.