Две децении исполнети со труд, молитви и жртви се благослов не само за Вашата епархија, туку и за сите кои имале чест да Ве познаваат и следат Вашиот пример.
Нека Господ Ви дарува добро здравје, духовна сила и уште многу години плодотворно служење во Неговата света Црква.
О.Пимен: И за сите и за сѐ!

Ваше Високопреосвештенство,
Митрополит г. Пимен,
Со особена чест и радост Ви упатуваме најсрдечни честитки по повод 20-годишниот јубилеј од Вашето епископско служење.
Вашата несебична посветеност, духовна мудрост и пастирска грижа се сведоштво за живата вера и љубовта кон Бога и Неговиот народ.

Две децении исполнети со труд, молитви и жртви се благослов не само за Вашата епархија, туку и за сите кои имале чест да Ве познаваат и следат Вашиот пример.
Нека Господ Ви дарува добро здравје, духовна сила и уште многу години плодотворно служење во Неговата света Црква.
О.Пимен: И за сите и за сѐ!
fb Европска Епархија / Evropska Eparhija is with Otec Pimen.
+++

Otec Pimen
Беа тоа денови на раѓање на монаштвото. Далечната '95. Студент во втора година на теолошкиот факултет. На призив на Светиот Дух го сретнав првиот монах о. Климент. Земав благослов и го прашав кога може да отидам во манастирот Вељуса. Ми рече околу св. Петка. И дојде тој ден. Прв ден во манастир. Прва средба со о. Наум. Прва исповед. Прва понуда од о. Максим да останам во братството. Прва помисла да останам таму. Прв пат чувство дека го најдов она што во цел дотогашен живот сум го барал. Прво соочување со смислата на животот....
Минаа бури и години. Чувството дека е тоа мој иден дом, мој животен призив не исчезнуваше.
Наскоро собрав храброст и останав во манастирот. Не е битен датумот кога заминав. За мене е битна таа средба со мојот духовен отец кој ме роди во Христа таа ноќ. За мене се битни тие 20 години раснење покрај него.
За мене е битен духовниот роденден.
За мене е битно што св. Параскева ја услиша мојата молитва...
Што минаа 20 години. Што љубовта не олади, што денес на мојот отец сум му брат и сотрудник на Нивата Господова. Што таа љубов и благодарност ќе продолжи во вечноста.
Господи Исусе Христе помилуј нè!


























