Епископ Партениј, Игумен Бигорски:Смирената Богомајка Која ни Го покажува Патот, Вистината и Животот
На едно место во Светото Евангелие Господ Исус Христос вели: Жена, кога раѓа, има болки, зашто ѝ дошло времето нејзино; но штом ќе го роди детето, од радост не ги помни веќе болките, зашто се родил човек на светот (Јован 16,21). Денешното раѓање, пак, е радост не само за една жена, ами за сите нас, „радост за целата вселена“ – како што и пееме во тропарот на денешниот празник. Дар од Бога за целото човештво, бидејќи со ова необично раѓање, Бог го започна, всушност, пресоздавањето на светот, коешто се случи преку Синот Божји.