логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

3.angeli.so.trubaБог ни има сѐ дадено – и постоење и живот; и толку многу постојано ни дава, што сѐ околу нас е дар Божји, и просто е неописливо. Само ние сме духовно слепи. Вообичаено, очите ни се отвораат – на ниво на душевност, кога ќе се соочиме со смртта. Давањето ни ги отвора и

(Обновено)

Луѓето се подготвени да променат сѐ, освен себе (19.09.2020 15:36)

Луѓето имаат проблеми. Просто, нема човек без проблеми.

            Некои проблеми се акутни, актуелни. Некои проблеми се хронични, траат повеќе време. Некои се решаваат, некои изгледаат нерешливи. А има и такви кои само делумно се решаваат.

            Едни проблеми ќе се решат, па други ќе дојдат. И во време кога мислиме дека некаков голем проблем сме решиле и дека е време на мир и спокој, сепак, сенка од некој друг проблем веќе се надвиснала над нас.

            Општопознат е принципот дека од нашиот внатрешен однос кон проблемот што се појавува однадвор во многу зависи дали ние ќе го сочуваме нашиот мир и спокојство. А од тоа, пак, зависат многу други работи: нашето општо здравје, правилниот одговор на проблемот, траењето на проблемот, решавањето на проблемот и многу други работи поврзани со нас и нашите ближни – од потесен или поширок круг.

            Јасно ни е на сите дека човековиот внатрешен однос кон проблемот што се појавува однадвор е клучен.

Вообичаено, препознатливи ни се два вида однесување: прв, луѓето се обидуваат да ги променат само надворешните околности; и втор, луѓето се обидуваат најпрво да се променат себеси.

3.angeli.so.truba

Најчест е првиот начин на однесување, и тоа е главно погрешен пристап. И, вообичаено, пред луѓето да дојдат и да се посоветуваат со духовниот отец, тие веќе ги пробале сите можни начини да го решат проблемот: тие консултирале стручни лица (не дека не треба), посетиле некој биоенергетичар, биле кај гатачи и бајачи и направиле некоја „бела“ магија за да ја истераат „црната“, и што ти ли не, само да се извлечат од проблемот, односно несреќата што ги снашла. Сепак, ништо од ова не може целосно да им го реши проблемот; а можат да претрпат и поголема штета.

Очигледна е тенденцијата и подготвеноста на луѓето, повеќе, да сменат нешто надворешно, отколку да се променат себеси. Тоа им се чини дека е најбрзиот и најлесниот начин да се соочат со проблемот, додека, тогаш или другпат, не сфатат дека всушност тоа е најтешкиот пат; и тоа пат кој никаде не води.

Луѓето забораваат дека нема ништо случајно во нашиот живот и дека сѐ ни се случува по Божја Промисла, како и дека тоа што ни се случува, ни се случува ние самите и, пред сѐ, внатрешно, духовно да се промениме и да го поправиме нашиот однос со Бог. Не постои друга причина за тоа што ни се случува освен, и само, претходно наведената.

Добро би било духовниот отец да процени дали допуштеното е само опомена или е веќе самоказнување. Едно е да знаеме дали има надеж нешто и надворешно да се промени – на пример, во случај на болест, друго е да знаеме дека нема.

А зошто самоказнување? Затоа што Бог никогаш не нѐ казнува, туку само допушта да ни се случи нешто, кога ние веќе со некој грев отпаѓаме од благодатната заедница со Него, што само нѐ освестува дека се наоѓаме во областа на заедница со демоните и на смртта. Затоа велиме дека, на пример, и болеста е дар. Инаку, сѐ е опомена од аспект на вечноста.

Како и да е, решението е само едно: пред сѐ, внатрешна, духовна промена на мислите и чувствата во согласност со Божјата волја, следена и од надворешна телесна промена, на дело и со збор, во исполнување на Божјите заповеди во нашиот живот.

Сето ова го имам опишано како главен метод на христијанското лечење на душата и го нареков „Метод на пет контролни точки“. Да се потсетиме: секој проблем, од мал до голем, го прифаќаме како дар Божји, Му благодариме на Бог за него, за проблемот не обвинуваме никого освен себеси, не покажуваме никому како се чувствуваме и ја продолжуваме молитвата – со цел градење заедница со Бог, а не молење помош за прекин на проблемот (за подетално објаснување, прочитајте: Митрополит Струмички Наум, „Премин од душевност во духовност“, стр. 59–67).

            Не треба да заборавиме дека со Бог треба да градиме однос на давање, а не на барање. Ние сме главно себични, а себичноста не носи внатрешни промени – како основ на севкупна преобразба на човекот. Односот на давање на (кон) Бог е единствен однос што ни обезбедува внатрешна духовна промена.

Бог ни има сѐ дадено – и постоење и живот; и толку многу постојано ни дава, што сѐ околу нас е дар Божји, и просто е неописливо. Само ние сме духовно слепи. Вообичаено, очите ни се отвораат – на ниво на душевност, кога ќе се соочиме со смртта. Давањето ни ги отвора и духовните очи; со други зборови тоа ни дарува – просветлување на умот. А колку ние Нему Му даваме се мери со времето поминато во молитва. Тоа е, и самите знаете, речиси ништо.

            Кратко речено: освестете дека сѐ што ви се случува, ви се случува за да се промените себеси, не нешто друго и не некој друг. А се менуваме себеси за да го восогласиме нашиот живот со Христовиот живот и да излеземе од ропството на гревот, демонот и смртта. Затоа, не губете време променувајќи некој друг или нешто друго – затоа што проблемите може само да се усложнат, туку променете се самите себе.

            Помошта на духовниот отец, барем на почетокот, е неопходна. А вистински духовен живот – што преобразува, постои само во Црквата.

            Пресвета Богородице, спаси нас!

Митрополит Струмички Наум

 

 

 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Православен календар (2)

 

02/12/2024 - понеделник

Божикен пост (строг пост)

Светиот пророк Авдија; Светиот маченик Варлам; Преподобен Варлам и Светиот принц Јоасаф; Светиот маченик Илиодор; Преподобен Порфириј Кавсокаливит;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на воведение на Пресвета Богородица 21 ноември / 4 декември (04.12.2024)

Тропар на воведение на Пресвета Богородица 21 ноември / 4 декември (04.12.2024)

 Денес е почетокот на Божјата милости на проповедта за спасение на луѓето.Во храмот Божји јасно Дева се јавуваи Христа на...

Тропар на св. Христов Григориј Декаполит 20 ноември / 3 декември 2024

Тропар на св. Христов Григориј Декаполит 20 ноември / 3 декември 2024

Пример си бил на воздржание,со Божествен Дух сите просветувајќи ги,правоверно животот завршувајќи го,со учењето светот го просветли,

Тропар на светиот пророк Божји Авдиј 19 ноември / 2 декември 2024

Тропар на светиот пророк Божји Авдиј 19 ноември / 2 декември 2024

Велик е животот на праведникот пред Господа,и него наградата не го одминува,така ти Авдие Божји пророче,дар доби да ја видиш...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная