„Блажени се оние кои живеат во домот Твој; тие постојано Те фалат.”

Stefan.Petkovden.jpg
 
Покрај неопходната и душеспасителна молитва и Светите Богослужби, монасите во Манастирот Пресвета Троица имаат и многу секојдневни обврски и послушанија.

Едно од најважните послушанија е работата во печатницата. Печатницата е всушност олицетворение на првата манастирска печатница во Почаев, основана од ревносниот бранител на православието – Јов Почаевски, која и покрај многуте искушенија и неколкуте преместувања поради Руската револуција и двете светски војни, сепак успеала да опстои и до ден денес да ја извршува својата мисионерска дејност.  Св. Јов Почаевски е патрон на Манастирската печатница.

Stefan.Petkovden.jpg
    
Машините кои претходно се користеле во печатницата, во поново време се заменети со најсовремени, компјутерски програмирани машини, кои им овозможуваат на монасите попродуктивно и поефикасно да ја извршуваат печатарската дејност. Инаку, нивните печатарски изданија патуваат низ целиот свет! Многу православни Цркви ширум светот посебно ги порачуваат нивните т.н. „Календари”, каде детално се разработени Богослужбите за секоја недела и поважните празници во текот на годината.

Stefan.Petkovden.jpg
 
Во склоп на Манастирот постои и студио за иконопис,  основано пред околу половина век од архимандритот Кипријан (тоа е истиот фрескописец што ја насликал Катедралната Црква во Сан Франциско, а има живописано и многу други храмови низ Америка).

Stefan.Petkovden.jpg
 
Монах Саватиј со восхит ми кажуваше како архимандритот Кипријан бил прочуен по неговиот уникатен стил на сликање икони и фрески. Неговиот стил мнозина негови ученици се труделе да го повторат, но, според зборовите на о.Саватиј, никој досега не успеал да ја долови таа топлина што тој ја внесувал во секој насликан лик.

Stefan.Petkovden.jpg
 
Исто, како што можев и јас да забележам, сите од него насликани ликови имаат посебен надворешен изглед, посебни црти на лицето – ниту два лика не се исти. Ова посебно се забележува во од него насликаната икона на Светите Киево-печерски оци, кои ги има над 60-тина и сите имаат свој посебен изглед!

Stefan.Petkovden.jpg
 
Покрај рачната изработка, голем број икони се копираат на дрво, за да се заштеди во време и за да се задоволи огромната побарувачка на икони. Иконите во главно се продаваат во Манастирската книжара, заедно со огромен избор на книги со духовна содржина и разни црковни предмети.

Stefan.Petkovden.jpg

(Продолжува)

Подготви: С.Л.

 

Јако да царја

{mp3}Jako_da_carja{/mp3}

Јединородни сине

{mp3}Jedinorodni_Sine{/mp3}

Тропар на воведение

{mp3}Tropar_na_vovedenie{/mp3}

Задостојник

{mp3}Zadostojnik{/mp3}

Друго: