Сарита Конеска:

Целта  за отварањето на оваа изложба беше, пред се  преку продажбата на сликите и нивното сместување, во правиот дом , да си ја завземат правата положба на некој од  домаќинските ѕидови. Освен тоа како најбитна работа за нивното создавање и причината за истото, беше едноставната игра која ја нудат боите и начинот  на кој го нуди сликарството како игра пред се.Со самото тоа улогата пак на сликата, како таква,  во светот на уметноста кој е исто што и“светот” на животот како целокупно +нешто+ што ни се случува на сите нас, е само една обична игра која го насочува човекот уште повеќе да живее и да ја пронајде вистинската суштина на животот. Со ова сакам да нагласам  ,дека секој што слика и сака да слика  или било како да си игра со начинот со кој ние уметниците се изразуваме во делата, не треба да заборават, дека тоа е  како игра, самата слика ,фотографија..,.Значи освен тоа едно”правило”  со кое можеме да создаваме е ова, да не заборавиме дека создаденото од Бога е создадено, и  дадено. Па затоа наше е тоа да го  примиме , и  да учествуваме во него вистински, како на Боженствената Литургија примајки го Христа. Притоа делото ќе може само да изникне од нашите раце, како и секое друго дело со вера. Многу е едноставно.
Од сето ова уште еден заклучок,  зборовите на старец Софрониј,-нема ништо ситно ,малечко и безначајно-,па така и во “најмалото” цртиче во животот  може да стане цела сликакоја го собира, моментот или можеби целиот живот, а со тоа и  животот на другите, но за да послужи за во бескрајниоста и Вечноста.:)

 izlozba.sara.jpg

izlozba.sara4.jpg

 „Она што можеме да го назначиме како иманентно на сликарскиот свет на Сара Конеска е интензитетот на едновременоста на две навидум контрадикторни нешта: спокојството на потегот, на чувството, на мислата и немирот на бојата, на внатрешните хоризонти и нарации. Сара Конеска не втурнува во една статично-динамична играрија која открива дека тајната клучалка на приказната се крие во фрагментите, деталите, исечоците од простор-времето на животот. Таа не повикува со отворено срце и ослободена мисла да се нурнеме во нејзината интимна перцепција и да се обидеме не само да ги препознаеме и откриеме цитатите, наследствата и моделите од важните за историјата на современата уметност практики, кои Сара Конеска многу суптилно и вешто ги аплицира и „препрочитува" во своите дела, туку и да откриеме едно поинакво искуство кое ќе формулира нов мозаик во нашите визуелни животни текстови.“
Искра Гешоска

izlozba.sara15.jpg

izlozba.sara13.jpg

Изложбата „Шарена игра" е дел од проектот „Филантропски шешир" на НВО Контрапункт - Културен центар Точка. Овој проект е дел од програмата за грантови за филантропија раководена од Центарот за институционален развој (ЦИРа) во рамки на Проектот за зајакнување на граѓанското општество финансиран од Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД), а имплементиран од Институтот за трајни заедници (ИТЗ).
Изложбата се реализира со помошна Кома. лаб, студио за дизајн и печатење и Урбан инвест.

izlozba.sara16.jpg

izlozba.sara2.jpg

izlozba.sara5.jpg

izlozba.sara1.jpg
„Кога се раѓаш и зачекоруваш во една игра, без грижи, тераш без да размислуваш за други нешта, бидејќи си дете. Кога играш, тогаш играта ти станува се. Колку повеќе играш, се повеке среќаваш нешто „ново". Тогаш се множат боите на играта од околу и на љубовта што те опкружува. Кога таа те обзема, тогаш стануваш дел од неа и не можеш да престанеш... И најпосле, кога тогаш и овде те досега моментот на суштината и вистинската боја на твојот живот, и тогаш ти текнува... во сликата поврзуваш животни искуства со спикарството и го спојуваш во обична „слика"... И дознаваш: целта на сликата е едноставна игра.“
Сарита Конеска

izlozba.sara7.jpg

izlozba.sara16.jpg

izlozba.sara8.jpg

izlozba.sara10.jpg

izlozba.sara12.jpg

 

За авторката
izlozba.sara9.jpgСарита Конеска е родена на 28 јануари 1985 во Скопје. Завршила средно образование во УПУ, Скопје. Апсолвент е на Факултетот за ликовни уметности, сликарски отсек во класата на Антони Мазневски.
Досега учествувала на следниве групни изложби:
2007: „Видео експресија", Музеј на Македонија, Скопје
2007: Изложба на билборди, Скопје
2005: Академски Универзитет, Анталија
2002: Изложба на интарзии и мозаици, Дом на градежници, Скопје
2000: Изложба на ученици од ДСУПУ „Лазар Личеновски", Музеј на град Скопје

Контакт:
нас.11 Октомври бр. 23а, Скопје
Мобилен телефон: 071 486 392
Електронска пошта:
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

 

Посети:{moshits}