Stefan.Panihida1.jpg

Скопје, 21 мај 2011 год- храм на св. Димитриј на празникот на светиот апостол и евангелист Јован, преподобен Арсениј Велики, Света Емилија

 

Vladimir.sv.Eremija.jpg

Stefan.Panihida1.jpg

 Stefan.Panihida1.jpg

   Stefan.Panihida1.jpg

На празникот на светиот апостол и евангелист Јован, преподобен Арсениј Велики и света Емилија, во храмот на св.Димитриј, во Скопје,  се  отслужи заупокоена Божествена Литургија и панихида во спомен на 30-годишнината од упокојувањето на првиот поглавар на возобновената Охридска архиепископија во лицето на МПЦ, неговото блаженство Архиепископот г.г Доситеј и во спомен на 25-годишнината од упокојувањето на вториот поглавар на МПЦ Архиепископот г.г. Ангелари.

Со Литургијата и панихидата  чиноначалствуваше  Неговото блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г Стефан во сослужение на Митрополитот Повардарски г. Агатангел, Митрополит Брегалнички г.Иларион и свештенослужителите   од Скпоската епархија.

Stefan.Panihida1.jpg

Stefan.Panihida1.jpg

     Stefan.Panihida1.jpg

 Stefan.Panihida1.jpg

   Stefan.Panihida1.jpg

Stefan.Panihida1.jpg

 Stefan.Panihida1.jpg

    Stefan.Panihida1.jpg

   Stefan.Panihida1.jpg

 Stefan.Panihida1.jpg

   Stefan.Panihida1.jpg


 По повод одбележувањето на вечниот помен на првите два архиепископи на возобновената Охридска архиепископија,  Архиепископ г. г. Стефан го произнесе следново слово:

Ваши Високопреосвештенства, високопречесни отци и свештенослужители, возљубени во Господа,
Еве, денешниов ден го определивме за да се потсетиме на двајца наши духовни великани од поновата историја на МПЦ-ОА, и да се помолиме за спокој на нивните блажени души. Имено, овие денови се навршуваат 30 години од блаженото упокојување на возобновителот на Охридската Архиепископија, во ликот на Македонската православна црква, Архиепископ Доситеј и 25 години од упокојувањето на вториот поглавар – Архиепископ Ангелариј.

Ќе ги потсетам помладите меѓу нас - Архиепископ Доситеј беше на чело на МПЦ од историската 1958 година, па сѐ до 1981 година, цели 23 години, а Архиепископот Ангелариј од 1981 до 1986 година.

Потсетувајќи се денес молитвено и за двајцата, сакам да нагласам дека и двајцата заслужуваат постојана почит и траен спомен во нашата Света Црква, зашто нивното дело за нашата светиклиментова Црква е рамноапостолно дело! Во нивните личности имавме вистински духовни водачи и пастири, имавме достојни, богољубиви и родољубиви архиереи.

Но, ним не им припаѓа слава и чест само затоа што биле први возобновители, туку затоа што вистински ги разбрале духовните пореби на нашиот народ, разбрале дека е исполнето времето да ѝ се врати достоинството на нашата древна и славна Охридска и Македонска Црква.

Враќањето во Македонија и застанувањето на чело на нашата Света Црква, со одлуката на соборјаните во 1958 година, кога, всушност, и се возобнови нашата света Црква како самостојна, како и одлуката на Црковно-народниот собор од 1967 година, за возобновување на автокефалноста, се настани со кои се потсетуваме за местото и улогата на блаженоупокоениот Архиепископ Доситеј, настани во кои, исто така, забележително учество имал и тогашниот прота Цветко, подоцна вториот Архиепископ Ангелариј.

Вистинска среќа и благослов Божји за нашиот народ и црква била појавата на овие двајца наши архипастири, кои длабоко се вградиле во животот на нашата Света Црква и останале непоместливи столбови врз кои се гради и надградува делото на возобновената светиклиментова Охридска и македонска архиепископија.

Нека им е вечен споменот и дај Боже достојно да го чуваме и продолжиме нивното родољубиво и богољубиво дело. Амин! Бог да ги Прости.

Архиепископ охридски и македонски г. г. Стефан

Stefan.Panihida1.jpg

Stefan.Panihida1.jpg

Stefan.Panihida1.jpg

 Stefan.Panihida1.jpg

 Stefan.Panihida1.jpg

  Stefan.Panihida1.jpg

     Stefan.Panihida1.jpg

Stefan.Panihida1.jpg

Stefan.Panihida1.jpg

 Stefan.Panihida1.jpg

   Преминпортал

Лето Господово 2011

Фото запис

Warning: No images in specified directory. Please check the directory!

Debug: specified directory - https://mail.preminportal.mk/images/Stefan.DositejII