sirkovo.jpg
„Изградивте црква, драги мои, но прво треба да ја изградиме црквата во нашите срца и во нашите души. Ова е материјално, ова е земно, но ако успееме да ја изградиме црквата во нашите срца, тоа е вистинскиот начин  да се соединиме со Господа Бога, Спасителот наш“.

Со овие зборови Митрополитот Повардарски г. Агатангел им се обрати на верниците жители на кавадаречкото село Сирково, на денот кога црквата „Св. Ѓорѓија“ која тие ја изградија во своето село, го дочека своето осветување. Митрополитот Агатангел го изврши чинот на осветување на оваа црква во сослужение на бројно свештенство од кавадаречкото и велешкото архиерејско намесништво на 11. 11. 2007, ден недела.

повеќе

 

 Посети:{moshits}