V.Georgij.festival.Pokrov


На ден 05.12.2025г. Во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје, беше отворено јубилејното 10. издание на Меѓународниот филмски фестивал за духовни и хумани вредности „Богородичен покров“.

Фестивалот ќе трае до 14 декември и ќе понуди проекции на документарни и долгометражни филмови посветени на културното и духовното наследство, како и форуми за хумани вредности.


    Филмскиот фестивал се оржува со благослов на Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, а почесен претседател на фестивалот е Митрополитот на Дебарско-кичевската епархија, г. Георгиј. Митрополитот г. Георгиј како почесен претседател на фестивалот во своето обраќање на отворањето истакна:

Раскажувањето приказни отсекогаш било грандиозно дело. И Господ Исус Христос не поучуваше преку апстрактни идеи, туку преку параболи — стории, за сеачот кој сее, за заблудениот син кој се кае. Во тој ист дух, и филмските уметници успеале да исткаат современи параболи. Преку нивната уметност, повредените наоѓаат поткрепа, изморените одмор, а и оние што се сметале загубени откриваат дека никогаш не биле надвор од досегот на Божјата милост и благодат.


Па така, филмовите што ќе имаме можност да ги погледаме не се само обични слики кои се движат на екранот; напротив, тие се садови со жива вода, нацрпени од длабоките бунари на евангелската духовност.


Во рамки на отворањето на фестивалот беше истакнато и учеството на митрополитот
преспанско-пелагониски г. Петар, кој ја отстапи од Битола во Соборниот храм во Скопје, копија од иконата „Небесна Царица“, во чест на јубилејот.

V.Georgij.festival.Pokrov2

Дебарско-кичевска епархија Охрид

05.12.2025