Сеноќно бдение во Водоча (29.08.2023 12:34)

 

Синоќа, во чест на преподобниот Старец Јосиф Исихаст, Митрополитот Струмички г. Наум во сослужение со Викарниот Епископ Стобиски г. Јаков отслужи сеноќно бдение со Божествена Литургија во манастирот „Покров на Пресвета Богородица и свети Леонтиј“, Водоча. На бдението верниот народ се поклони пред моштите на преподобниот Јосиф, а на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни.

Во својата беседа, Владиката, меѓу другото, рече:

        Деца, мора постојано да ја насочуваме енергијата на нашиот ум молитвено кон срцето. Кога се наоѓаме на првиот степен од духовниот развој – очистување на срцето од страстите, нашето срце не е отворено за енергијата на нашиот ум молитвено да продре внатре во него, но тоа не значи дека не треба постојано да се обидуваме да ја внесеме внатре и таа да допира барем до околината на срцето. Тој константен обид на враќање на енергијата на нашиот ум молитвено во околината на срцето е тоа чукање на вратата за кое Господ Христос ни говори во Своето Евангелие (види: Матеј 7, 7–8), ако сакаме да ни биде отворено. Овој наш молитвен подвиг треба да е заснован на пребивање на енергијата на нашиот ум во процес на чистење и просветлување преку послушание кон нашиот духовен отец, како и во подвиг на екстремно туѓинување и анонимност, т.е. во смрт на стариот човек за сѐ световно“.

Bdenie.Josif.isihast3

 Bdenie.Josif.isihast2

 Bdenie.Josif.isihast4

 

 

 http://www.mpc.org.mk/MPC/SE/vest.asp?id=7858