Arh.Stefan.Porfirij.Patrijarhot1

Претстојателите на Српската и на Македонската Православна Црква отслужија Света Литургија во манастирот „Свети Јоаким Осоговски“ крај Крива Паланка


На 29.10.2023 година, кога Светата Црква го прославува поменот на великиот пустиножителен отец, преподобниот Јоаким Осоговски претстојателите на Српската и на Македонската Православна Црква: Неговата Светост, Патријархот Српски г. г. Порфириј и Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан отслужија Света Божествена Литургија во манастирот посветен на светиот Јоаким Осоговски, крај Крива Паланка.

На поглаварите им сослужуваа Нивните Високопреосвештенства, митрополитите од Македонската Православна Црква ‒ Охридска Архиепископија: Повардарски г. Агатангел, Кумановско-осоговски г. Григориј и поранешен Кумановско-осоговски г. Јосиф, Митрополитот Доростолски г. Јаков од Бугарската Православна Црква и епископот Јегарски г. Нектариј од Српската Православна Црква , како и бројни свештенослужители, меѓу кои и претстојателот на Романското подворје во Софија, ставрофорниот протопрезвитер Нелуцу Опреа.

На Светата Литургија многубројниот народ се причести со светите Христови Тајни.

 

 

 

 http://www.mpc.org.mk/vest.asp?id=7859