Dushko.sv.Hristina1

Скопје,6ти август 2023-храм Свето Благовештение

Dushko.sv.Hristina3

Dushko.sv.Hristina4

Dushko.sv.Hristina5

Евангелие и поука за 06/08/2023

Евангелие на денот: Свето евангелие според светиот апостол Матеј 14:22-34

22. И веднаш ги покани Исус учениците Свои да влезат во кораб и да минат на другата страна пред Него, дури да го распушти народот.
23. Па штом го распушти народот, Он се искачи на планината, за да се помоли насамо. И таа вечер остана таму Сам.
24. А коработ беше веќе на сред море и брановите го удираа, зашто ветрот беше спротивен.
25. Но на четвртата стража, преку ноќта, дојде Исус при нив, одејќи по морето.
26. А учениците, штом Го видоа како оди по морето, се уплашија и рекоа: „Тоа е привидение” и од страв извикаа.
27. Но Исус веднаш почна да зборува со нив и им рече: „Не бојте се! Јас сум, не плашете се!”
28. А Петар, одговарајќи Му, рече: „Господи, ако си Ти, позволи да дојдам при Тебе во водата!”
29. И Исус му рече: „Дојди!” Па штом излезе од коработ, Петар тргна по водата за да оди при Исуса;
30. но, кога го виде силниот ветар, се уплаши, почна да потонува и извика: „Господи, спаси ме!”
31. Исус веднаш му подаде рака, го фати и му рече: „Маловернику, зошто се посомнева?”
32. И кога влегоа во коработ, ветрот престана.
33. А оние, што беа во коработ, се приближија до Него, Му се поклонија и рекоа: „Навистина, Ти си Син Божји!”
34. Па откако преминаа, дојдоа во земјата Генисаретска.

Апостол на денот: Прво послание на светиот апостол Павле до Коринтјаните 3:9-17

9. Ние сме Му соработници на Бога, а вие сте Божја нива, Божја зграда.
10. Според дадената ми од Бога благодат, јас, како мудар првоградител, поставив темел, а друг ѕида; само секој нека пази како ѕида.
11. Зашто никој не може да постави друга основа, освен положената, која е Исус Христос.
12. Ако некој ѕида врз таа основа со злато, сребро, драгоцени камења, дрва, сено или слама,
13. делото на секого ќе стане јавно; судниот ден ќе го покаже; зашто преку оган ќе се открие, и огнот ќе испита, какво е делото на секого.
14. И, ако делото, на оној што ѕидал, се задржи, тој ќе прими награда.
15. А чие дело изгори, тој ќе биде оштетен, а сам ќе се спаси, но така – како преку оган.
16. Не знаете ли вие дека сте храм Божји, и Духот Божји живее во вас?
17. Ако некој го разори Божјиот храм, него Бог ќе го разори; зашто Божјиот храм е свет, а тоа сте вие.

 

Поука на денот: Свети Теолипт Филаделфиски
Бегањето од светот кон Христа дава прибежиште. Свет, пак, ја нарекувам љубовта кон сетилните нешта и кон телото. Оној којшто со разбирање на Вистината се отуѓил од тоа станува Христов посвоеник кој ја умножува љубовта Негова, со која ја отфрла севкупноста на овој свет и го купува „скапоцениот бисер“ – Христа.

Dushko.sv.Hristina

 На 6ти август 2023 година, во деветата  недела по Педесетница,на празникот на  светата маченичка Христина; преподобен Поликарп, игумен Печерски;  протопрезвитер Душко Наумовски отслужи Божествена Литургија во храмот на Свето Благовештение- во кругот на Клиничкиот центар, во Скопје. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. Во текот на Литургијата отецот го протолкува  денешното Евангелие- „Главната поента од ова прочитано Евангелско четиво не е чудото дека Господ одел по водата затоа што ништо не е чудно за Оној Кој што создал се од ни од што, туку нашиот личносен однос кон Него, т.е гледањето на лицето Божјо. Исто така слободата во љубовта, љубовта во слободата која што Бог ни ја дава.“

 Dushko.sv.Hristina6

 Dushko.sv.Hristina8

Dushko.sv.Hristina2

 Dushko.sv.Hristina9

 Dushko.sv.Hristina10

 Преминпортал (к.т.)

 Друго:пп

 

 

Друго: