На 7.12.2022 година, во пресрет на празникот Свети Климент Охридски, со благослов на Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, чиноначалствуваше со Празнична вечерна богослужба во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје, а во присуство на Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф и на Епископот Хераклејски г. Климент.
По Вечерната, беше одржана традиционалната Светиклиментова свечена академија, која, овојпат, се одржа во ,,Музејот на македонската борба”.
На Академијата присуствуваа и нивните Високипреосвештенства, Митрополитите: Агатангел, Јосиф,  Григориј и пак Јосиф, и Епископот Климент. Присутни беа и: лидерите на останатите цркви и верски заедници во Република Македонија, министерот Оливер Спасовски, претседателот на МАНУ проф. д-р Љупчо Коцарев, деканот на ПБФ проф. д-р Ѓоко Ѓорѓевски, претставници на дипломатскиот кор, на државните институции, членови на МАНУ, професори, свештенослужители и многубројни следбеници и  почитувачи на светиот Климент.
 
Свечената академија ја отвори хорот „Свети Климент Охридски“ со изведба на химната на Македонија и тропарот на Свети Климент Охридски од Трајко Прокопиев, по што следеше поздравно обраќање на Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, г. Даријан Сотировски, кој и беше покровител на овој свечен настан.
 
Обраќање имаше и ректорот на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ проф. д-р Никола Јанкуловски, по кого следеа обраќањето на Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан  и обраќањето на проф. д-р Емилија Црвенковска, редовен професор на УКИМ.
 
Академијата заврши со настап на хорот „Свети Климент Охридски“.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

http://mpc-spe.mk/arhiepiskop/aktivnosti/%d0%bf%d1%80%d0%b0%d0%b7%d0%bd%d0%b8%d1%87%d0%bd%d0%b0-%d0%b2%d0%b5%d1%87%d0%b5%d1%80%d0%bd%d0%b0-%d0%b1%d0%be%d0%b3%d0%be%d1%81%d0%bb%d1%83%d0%b6%d0%b1%d0%b0-%d0%b2%d0%be-%d1%81%d0%be%d0%b1%d0%be/