На 6.12.2022 година, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, присуствуваше на Вечерната богослужба со која, по 55-ти пат, започна прославата на патрониот празник на Македонската православна богословија, „Свети Климент Охридски“

Празнувањето започна со Архијерејска вечерна богослужба во храмот „Вознесение Христово“ – Драчево, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј во присуство на Неговото Блаженство Митрополитот Скопски и Ахриепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима г.г. Стефан, Ректорот на Богословијата Митрополитот Повардарски г. Агатангел, Митрополитот Брегалнички г. Иларион, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф и Епископот Велички г. Јаков.

По Вечерната богослужба, се одржа свечена академија во МПБ која започна со благословување и прекршување на празничниот колач од страна на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф.

Свеченоста продолжи со поздравното слово од страна на проф. м-р Трајче Јанков, а истата беше збогатена со настап на хорот при МПБ раководен од проф. Игор Величковски, а беа наградени и темите и песните напишани од учениците по повод патронатот. На крајот пред присутните се обрати и ректорот Митрополит Повардарски г. Агатангел, кој му се заблагодари на св. Климент Охридски за застапништвото и молитвите.

 

 

 

Повеќе:

http://mpc-spe.mk/arhiepiskop/aktivnosti/mob-patronat-2022/