Nikolaj.nedelno

Скопје -храм на Свети Три Јерарси (во о.Центар)

Втора недела по Педесетница, 26 јуни 2022 год.

 Оддание на Педесетница; Св. мч-ца Акилина; св. Трифилиј Кипарски

Nikolaj.nedelno4

Nikolaj.nedelno8

Nikolaj.nedelno2

Nikolaj.nedelno1

На 26ти јуни 2022 година, кога МПЦ-ОА молитвено го прoслави споменот на Оддание на Педесетница; Св. мч-ца Акилина; св. Трифилиј Кипарски  отец Николај Киранџиќ отслужи Божествена  Литургија во храмот на Светите Три Јерарси. На  Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.На крајот на Литургијата отецот произнесе беседа толкуваќи го денешнето Евангелие.

 Nikolaj.nedelno3

 Евангелие на денот: Свето евангелие според светиот апостол Матеј 4:18-23

18.     И одејќи покрај Галилејското море, ги виде двајцата браќа, Симона, наречен Петар, и брата му Андреја, како фрлаат мрежа во морето, бидејќи беа рибари,
19.     и им рече: „Појдете по Мене, и Јас ќе ве направам ловци на луѓе.”
20.     И ете, тие веднаш ги оставија мрежите и тргнаа по Него.
21.     Потоа, одејќи, понатаму виде други двајца браќа: Јакова Заведеев и брата му Јована, во Кораб со Заведеја, таткото нивни, кои си ги крпеа мрежите свои, и ги повика.
22.     И тие наеднаш го оставија коработ и татка си и тргнаа по Него.
23.     И одеше Исус по цела Галилеја и, кога поучуваше по синагогите, го проповедаше Евангелието на царството и лекуваше секаква болест и немоќ кај народот.

Апостол на денот: Послание на светиот апостол Павле до Римјаните 2:10-16


10.     Слава и чест и мир на секого, што прави добро, прво на Јудеец, а потоа и на Елин;
11.     зашто Бог не гледа на лице.
12.     Оние, што згрешиле без Закон, без Закон ќе загинат; а оние, што згрешиле при Закон, според Законот ќе бидат и судени,
13.     бидејќи пред Бога не се праведни оние, што го слушаат Законот, а ќе бидат оправдани само оние, што го исполнуваат Законот;
14.     зашто незнабошците, немајќи Закон, сами од себе вршат сe по законот; тогаш тие, иако немаат Закон, сами во себеси се закон;
15.     поради тоа што делото на Законот е напишано во нивните срца, та затоа се управуваат според Законот, бидејќи нивната совест им сведочи за тоа, и нивните мисли помеѓу себе се обвинуваат или оправдуваат
16.     во оној ден, кога, според моето благовестие, Бог преку Исуса Христа ќе ги суди тајните на луѓето.

Поука на денот: Старец Ефрем Филотејски
Јазикот мора многу да се намачи за да се искупи за секое празнословие и за сите свои падови и мора да ја стекне навиката за молитва. Навиката не може да се створи без труд и работа. За да дојде благодатта, мора да се пројави и смирение. После тоа патот ќе биде отворен. Молитвата ќе се прилепи за нашето дишење, а умот ќе се разбуди и ќе ја следи. Со време, страстите стивнуваат, помислите се повлекуваат, а срцето станува мирно. 

 Nikolaj.nedelno5

 Nikolaj.nedelno6

 Nikolaj.nedelno7

 Preminportal (k.t)

 Nikolaj.nedelno9

Јуни 2022 лето Господово

Друго:

 Aleksandar.N.sv.Haralampij 

 

недела, 14 март 2021
Освет на храмот
Свети Три Јерарси во Центар

Aleksandar.N.sv.Haralampij

Aleksandar.N.sv.Haralampij

 Преминпортал(к.т.)