Porfirij.Avtofekalnost.Objava

Тој соопшти дека од Вселенската патријаршија го примиле како што рече, нашето благодаствено писмо и на Духовден (на 12 јуни) нашите архиереи ќе сослужуваат во храмот на Вселенската патријаршија во Фанар

Бог ни даде ден во кој дочекавме да ја слушнеме одамна посакуваната и очекувана вест, рече поглаварот на МПЦ-ОА Архиепиското Охридски и Макеоднски Стефан во беседата по заедничката литургија со поглаварот на СПЦ Порфириј кој потоа соопшти дека ја прифаќа и признава автокефалноста на Македонската православна црква – Охридска архиепископија.

    „55 години седевме и чекавме во тремот и не наоѓајќи некој да се погрижи некој за нас. Потоа ни пристапи друг човек, нашиот собрат денешниот сослужител неговата светост српскиот патријарх Порфириј и еве сега имаме и кој да ни нацрпи вода од кладенецот на Јаков и сите ќе видат колку е нашата нива плодна и дека посеаното стигна за жетва. Сега целосно ги гледаме сите убавини на рајот затоа што имаме со кого да ги споделиме и не тагуваме веќе како Адама туку се радуваме како апостолите на денот на педесетицата опиени од слаткиот пијалак на заедницата и братската љубов. Зашто само вака подготвени можеме со радост да го чекаме и денот на духот свети оти љубовта кога се споделува таа се премножува“,
    рече г.г. Стефан, по што присутните во соборниот храм „Свети Климент Охридски“ следуваше громогласен аплауз.

Тој соопшти дека од Вселенската патријаршија го примиле како што рече, нашето благодаствено писмо и на Духовден (на 12 јуни) нашите архиереи ќе сослужуваат во храмот на Вселенската патријаршија во Фанар.

    „Еве, и во навечерието на ова торжество на љубовта, ни пристигна уште една радост – блага вест од Царицата на градовите – Константиновиот град: примено е нашето благодарствено писмо и нашата молба за сослужение е прифатена – па на роденденот на Црквата, на Педесетница, ќе сослужуваме во храмот на Вселенската Патријаршија во Фанар“,
    истакна архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан.

Porfirij.Avtofekalnost.Objava1

Архиепископот Охридски и Македонски посочи дека и нашата осумдесетгодишна заложба за самостојна Црква никогаш немала и нема за цел да нè оддели од Телото Христово, туку да ни дозволи и ние, подобно на другите православни народи, слободно да можеме да ја извршуваме својата мисија меѓу својот народ, овде, во Татковината и насекаде по светот, до каде што нѐ има.

    „Овој историски период кој сите ние го минуваме е празник за сите христијани во Македонија, без разлика на национално потекло, кои се внуци на оние што сонуваа да ја видат обновена својата Охридска Архиепископија, да ја видат автокефална, или се правнуци на сите оние кои некогаш живееле обединети под едниот омофор на Охридскиот Архиепископ. Тие наши предци сега од небесната Црква се радуваат заедно со нас, гледајќи ги нашата радост и нашето единство“,

 

https://360stepeni.mk/arhiepiskopot-stefan-55-godini-chekavme-vo-tremot-nekoj-da-se-pogrizhi-za-nas-denes-dojde-nashiot-sobrat-i-sosluzhitel-negovata-svetost-porfirij/