3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

ИЗЛЕЗЕ ОД ПЕЧАТ МОНОГРАФИЈАТА „ВОЗОБНОВИТЕЛОТ“

Во издание на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ) излезе од печат

монографијата „Возобновителот“ - посветена на Архиепископот охридски и македонски Доситеј (1906-1981).

3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel
Во знак на благодарност и сеќањање на  ликот и делото на првиот Архиепископ охридски и македонски Доситеј (1906-1981) на возобновената Охридска архиепископија во лицето на Македонската православна црква, а по повод големите јубилеи поврзани со блаженоупокоениот Архиепископ, кои ги одбележуваме оваа година и тоа: 115 години од неговото раѓање (07 декември 1906) и 40 години од неговото упокојување (20 мај 1981 година), како и значајниот државен јубилеј 30 години современа македонска државна сувереност - во издание на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ) излезе од печат монографијата „Возобновителот“.

3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel


 Монографијата е плод на соработката со Македонската православна црква - Охридската архиепископија и Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“. Монографијата претставува капитално дело посветено на ликот и делото на блаженоупокоениот македонски духовен великан Доситеј, кој успеа да ги оствари вековните копнежи на македонскиот народ за обнова на Охридската архиепископија и за конечно добивање на своја независна автокефална црква. Тоа големо дело го направи Архиепископот Доситеј исклучителна историска личност значајна за МПЦ-ОА и за државата, и неоткинлива од македонската историографија.
 Станува збор за обемна публикација со над 420 страни во тврд повез, во која е вграден трудот на вработените во КОВЗРГ, на професорите од ПБФ „Свети Климент Охридски“, како и на други просветни работници, кои дадоа значаен придонес за реализација на монографијата, која во својата содржина опфаќа: библиографски податоци, избор на дел од позначајните слова на архиепископот Доситеј (беседи, говори и интервјуа), репортажи за позначајните цркви и манастири во кои живеел и работел архиепископот Доситеј, потоа зборник на трудови за неговата улогата и важност, спомени и сеќавања од неговите соработници и познаници, значаен фотоматеријал (фото албуми со слики од неговиот живот и од позначајните настани), позначајни архивски документи, слики од оставштината на архиепископот, како и поезија посветена во негова чест. Целокупната содржина во делото, која е прикажана на модерен начин, преку современ дизајн со мноштво на фотографии - исклучително ја истакнува големината на дедо Доситеј.

3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel


  Со еден збор кажано монографијата „Возобновителот“ преставува трајна споменица, литературен споменик на благодарност кон Архиепископот Доситеј за неговиот немерлив допринос кон обновата и развојот на Македонската православна црква. Во тој поглед, монографијата „Возобновителот“ не претставува само основ за понатамошно прославување и очувување на споменот на архиепископот Доситеј, туку и за понатамошно студиозно изучување на неговиот живот, дело, мисли и учинок на полето на духовноста и македонското црковно воскресение во целина.

Известува:
Петар Петковски

 3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

 3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

 3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

Stefan.Panihida1.jpg

 Stefan.Panihida1.jpg

Stefan.Panihida1.jpg

Stefan.Panihida1.jpg

(Архива на ПП)

 https://preminportal.com.mk/vesti/8300-zaupokoena-liturgija-i-panihida-vo-hramot-na-sv-dimitrij-skopje-21-05-2011

 3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

 Декември 2021 лето Господово

 пп