Божествена Литургија во Лешочкиот манастир (21.06.2021)

Денес, по повод 250-годишнината од раѓањето на игуменот Кирил Пејчиновиќ, надлежниот Митрополит Тетовско-гостиварски г. Јосиф во сослужение со Митрополитот Европски г. Пимен и викарниот Епископ г. Јаков Стобиски отслужи Божествена Литургија во главната манастирска црква „Свети Атанасиј“, во Лешочкиот манастир. По Литургијата, беше отслужен помен на гробот на игуменот Кирил Пејчиновиќ, што се наоѓа во манастирскиот комплекс.

 

 

 

 

 http://www.mpc.org.mk/vest.asp?id=7443