Во организација на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“, во просториите на МАНУ, на 24. јуни 2016 година, се одржа промоција на изданието на црковнословенскиот превод на Corpus Areopagiticum од монах Исаија Серски од 1371.
Изданието го претставиа приредувачот на изданието проф. д-р Гелиан Михајлович Прохоров од Институтот за руска литература од Руската академија на науките и членовите на неговиот научен тим: д-р Сабине Фал и Дитер Фал од Богословскиот факултет во Грајфсвалд (Германија) и проф. д-р Иван Христов од Богословскиот факултет во Софија (Бугарија).
Воведничари на промоцијата беа проф. д-р Ѓоко Ѓоргевски, Деканот на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“, во Скопје, кој помеѓу останатото посочи за денес исклучително значајно влијанието на Аеропагистите за разбирањето на целата историја на мистиката и филозофијата, дека ова е научен труд врз еден ракописот кој потекнува од првиот преведувач, светогорскиот монах Исаија, замонашен во Осоговскиот манастир и доц. д-р Милан Ѓорѓевиќ, кој говореше за интелектуалното смирение без кое ние не можеме да пристапиме кон вреднувањето, доживувањето и разбирањето на едно вакво животно дело кое што стои пред нас и на кое што работеле многумина..
На претставувањето покрај академиците, професорите, и студентите, присуствуваа и Митрополитите, Преспанско- пелагонискиот г. Петар и Тетовско- гостиварскиот г. Јосиф.
Видео1
Видео2
Програма:
1. Гелиан Михайлович Прохоров: Автограф старца Исаии и его идентификация. Принципы издания.
2. Dieter Fahl: Was Isaija Sladkaja Beseda the translator of the Corpus Areopagiticum?
3. Иван Василиев Христов: Современные методы изучения философской терминологии перевода старца Исаии.
4. Sabine Fahl: Старец Исаия как филолог, переводивший непереводимое.
Преминпортал (к.т.)