Денес, на  07.04.2015 година, кога Македонската православна црква- Охридска архиепископија, молитвено го слави  споменот  на Благовештението на Пресвета Богородица, во храмот на св, Петка  во  скопската населба Црниче, отец Зоран Данев, сослужение на свештенослужение на свештениците од храмот, отслужи Златоустова Литургија.Многубројниот верен народ се причести со Светите Христови Тајни.На крајот на Литургијата отецот произнесе празнична беседа.