Одбележан јубилејот за архимандрит Арсениј Бигорски († 1839)


13.jpg

27 јуни 2014 лето Господово

02.jpg

03.jpg

Со бескрајна благодарност и многу голема почит кон делото на славниот бигорски игумен и ктитор, архимандрит Арсениј, Бигорската свештена обител молитвено го одбележа 175-годишниот јубилеј од неговото блажено преселување во небесните обители со заупокоена света Литургија, проследена со панихида за помен на неговата душа, со кои чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство, митрополитот Дебарско-кичевски, г. Тимотеј. А потоа следеше и мала свечена Академија во манастирската книгохранителница, со посебен осврт кон значењето на игумен Арсениј како духовник и ктитор-градител. Притоа, свое излагање за животот и делото на овој многузначаен Бигорски игумен имаа Неговото Високопреосвештенство, митрополит Дебарско-кичевски, г. Тимотеј, Неговото Високопреподобие, архимандрит и игумен Бигорски, г. Партениј, академик Цветан Грозданов и проф. д-р Сашо Цветковски, дирекот на Музејот „Др. Никола Незлобински“ од Струга. Меѓу присутните гости беа: градоначалникот на општина Демир Хисар, г. Љупчо Блажевски, д-р Алаксандра Николовска од Центарот за проучување на културното наследство при МАНУ, директорот на Музејот на град Битола, г. Ристо Палигора, г-ѓа Илинка Јаневска - директор на Архивот на град Охрид, и претставници од свештенството на Дебарско-кичевската епархија.

Радосни што од Бога им се даде можност да го продолжат делото на игумен Арсениј и да го исполнат неговото завештание, бигорските браќа достојно го прославија неговиот спомен, надевајќи се на застапништвото на оној, кој целиот свој монашки живот го посвети за слава Божја и духовен процвет на Бигорскиот манастир.

Со посебно задоволство присутните го проследија краткото излагање на нашиот реномиран академик Цветан Грозданов, кој даде посебен осврт за значењето на Бигорскиот манастир во духовното, културно и национално издигнување на нашиот народ, и промовирањето на словенската писменост  и самобитност. Притоа, тој особено ја истакна врската на манастирот со Светата Гора Атонска, врска којашто никогаш не прекинала и која била пресудна во градењето на нашите најголеми преродбенски дејци. Но овие контакти одиграле не помалку значајна улога и за духовниот развој на Света Гора, особено на словенските манастири во неа, бидејќи и Бигорскиот манастир дал свој придонес за духовноста на Света Гора со значајни духовници, воспитани во бигорскиот монашки расадник.

 04.jpg

06.jpg

 07.jpg

 08.jpg

 09.jpg

 10.jpg11.jpg

 12.jpg

 13.jpg

 14.jpg

 15.jpg

 16.jpg

 18.jpg

 19.jpg

Во продолжение ги поместуваме излагањата на митрополитот Тимотеј и архимандритот Партениј:

12.jpg

Излагање на Неговото Високопреосвештенство, митрополит г. Тимотеј

 ✤✣✤

16.jpg
Излагање на Неговото Високопреподобие, архимандрит Партениј


✤✣✤


Излагањето на проф. д-р Сашо Цветковски ќе биде поместено во текстот  следниот ден.