Тропар на преносот на моштите на светиот Христов чудотворец Николај Мирликијски

22/05/2022

Prenos.moshti.sv.Nikolaj

Велики угодниче Божји, Николае свети,

чии молитви нѐ закрилуваат нас кои

пловиме по морето на овој живот.

Биди водач на нашите мали бротчиња,

како што беше патеводител при преносот

на моштите твои свети,

да стигнеме до лаѓата на која

 Христос е Кормилар, Кој сите нѐ приведува

до Царството на радоста.

Prenos.moshti.sv.Nikolaj1

 

 

Извор МПЦ – ОА

Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

 

Од Верскиот календар на МПЦ (21.05.2022)
Hristos.adam.jpg

ТРОПАР

Тропар (грч. τροπάριον, цсл. тропа́рь) е кратка црковна молитвена песна, настаната во доцниот стадиум на химнографијата. Тропарот ја содржи суштината на празникот за кој е напишан и во кој се прославува светителот; во Канонот, тропарот следи после ирмосот. Често се однесува и на аполитикион (грч. απολυτίκιον), или отпустителна химна преку која се опишува главната тема на богослужењето на денот, а со која се завршува Вечерната богослужба.

Богородичен (теотокион) е посебен вид на тропар, кој е посветен на Пресвета Богородица. Помали варијации во Богородичниот водат кон Крстобогородичен (ставротеотокион), посебен вид на тропар посветен на страдањето на Пресвета при распнувањето на Христос на Крстот, и како таков најчесто се користи во среда и петок, денови кога Црквата се сеќава на чесниот Крст Господов.

Понекогаш тропарот се користи како рефрен помеѓу читање на стихирите.од Псалмите, иако примарната функција во тој случај ја имаат стихирите.

Тропарник се нарекува една засебна целина во книга со тропари и кондаци, за секој ден на Црковната литургиска година.

ПреминПортал

2022 лето Господово

 Од Верскиот календар:

Пренос на моштите на Свети Николај, Чудотворец Мирликиски-

 
Пренос на моштите. Во времето на царот Алексеј Комнен и на патријархот Никола Граматик, во 1087 година телото на овој светител беше пренесено од Мир Ликиски во градот Бари во Италија. Тоа се случи заради навалата на муслиманите на Ликија. Светителот му се јави во сон на некој чесен свештеник во Бари и му заповеда неговите мошти да се пренесат во тој град. Во она време градот Бари беше православен и под православен патријарх. При преносот на моштите на Светителот се случија многу чуда, како од допирот на моштите така и од мирото коешто изобилно се лееше од нив. На овој ден уште се споменува и чудото извршено над српскиот крал Стефан Дечански, т.е. како Свети Николај му го врати видот на слепиот крал Стефан.

Тропар
Дојде денот на сесветлото торжество, градот Бари се радува, а со него и целата вселена ликува, со песни и пеења духовни, зашто денес е светото торжество, на пренесување на чесните и многуцелебни мошти на светителот и чудотворец Никола, кој засветли како сонце незаодно со светлозарни зраци, растерувајќи го мракот на искушенија и неволји од оние што со вера повикуваат: Спасувај н?, како наш застапник, велик Никола.

Кондак
Твоите мошти, светителу Никола, излегоа како ѕвезда од исток до запад; морето се освети со твоето патување, и градот Бари прима благодат преку тебе, оти заради нас се јави како извонреден, препрекрасен и милостив чудотворец.