ТРОПАРИ НА СВЕТИТЕЛИТЕ И ПРАЗНИЦИТЕ 

 Тропар на светиот епископ
Амфилохиј Икониски
23 ноември / 6 декември

7.Vselenski.sobor
Пустината тивко очистувајќи го срцето твое,
о свети Амфилохие,
те припреми да бидеш изведен на Божја служба,
тебе кој со ангелот се молеше,
мудроста Божја на жедните преку тебе представена беше,
моли се пастиру на овците словесни,
стадото да се заштити од ереси
и пред Бога да биде приведено во вечни векови.

 

Извор МПЦ-ОА     
Манастир св Јован Претеча Слепче


Православен календар за 06/12/2023

ТРОПАР

Тропар (грч. τροπάριον, цсл. тропа́рь) е кратка црковна молитвена песна, настаната во доцниот стадиум на химнографијата. Тропарот ја содржи суштината на празникот за кој е напишан и во кој се прославува светителот; во Канонот, тропарот следи после ирмосот. Често се однесува и на аполитикион (грч. απολυτίκιον), или отпустителна химна преку која се опишува главната тема на богослужењето на денот, а со која се завршува Вечерната богослужба.

Богородичен (теотокион) е посебен вид на тропар, кој е посветен на Пресвета Богородица. Помали варијации во Богородичниот водат кон Крстобогородичен (ставротеотокион), посебен вид на тропар посветен на страдањето на Пресвета при распнувањето на Христос на Крстот, и како таков најчесто се користи во среда и петок, денови кога Црквата се сеќава на чесниот Крст Господов.

Понекогаш тропарот се користи како рефрен помеѓу читање на стихирите.од Псалмите, иако примарната функција во тој случај ја имаат стихирите.

Тропарник се нарекува една засебна целина во книга со тропари и кондаци, за секој ден на Црковната литургиска година.

ПреминПортал

2023 лето Господово

 Од Верскиот календар:

Свети Амфилохиј Икониски    

Сонародник и пријател на Св. Василиј Велики и на другите големи светители од 4 век. Рано го остави светскиот метеж и се повлече во една пештера, каде што како отшелник проживеа во подвиг четириесет години. Тогаш се случи и се испразни епископската столица во Иконија и Амфилохиј на чудесен начин беше избран и посветен за епископ Икониски. Беше прекрасен пастир и голем бранител на чистата православна вера. Учествуваше на II Вселенски Собор во 381 година. Ревносно се бореше против злочестивиот Македониј и против аријанците и Евномиј. Лично го молеше царот Теодосиј Велики да ги протера аријанците од секој град во државата. Царот не му ја исполни желбата. По неколку дена повторно Амфилохиј му се јави на царот. Кога епископот беше воведен во одајата за прием, царот седеше на престолот, а од неговата десна страна неговиот син Аркадиј, когошто тој си го беше зел за соцар. Кога влезе Амфилохиј му се поклони на царот Теодосиј, а на Аркадиј, царскиот син, не се ни обѕрна, како и да го немаше овде. Царот Теодосиј многу се разгневи заради ова и нареди Амфилохиј веднаш да се избрка од дворецот. Тогаш светителот му рече на царот: „Гледаш ли, цару, како ти не го поднесуваш бесчестењето на твојот син; така и Бог Отецот не го трпи бесчестењето на Синот Свој, со ненавидност се одвраќа од оние коишто хулат на Него и се гневи на сите следбеници на онаа (Ариева) ерес“. Кога го слушна ова царот разбра зошто Амфилохиј не му оддаде почест на неговиот син и се восхити на неговата смелост и мудрост. Покрај многубројните дела и подвизи, Св. Амфилохиј напиша и неколку книги за верата. Се упокои во 395 година во длабока старост и се пресели во бесмртниот живот.