lestvica.jpg

СИНАКСАР

Стихови:
Свети Јован го умртвуваше телото додека беше жив,

 Затоа сега живее вечно, иако е мртов по тело.

Во списот Рајска скала (Лествица), што ни го остави,

Ни го опишува својот пат на искачување (кон небото)

Јован умре во триесеттиот ден.

TViTer159
Кога тој имаше 16 години, бидејќи беше остроумен, се принесе себе си како света жртва на Бога, кога се искачи на Синајската Гора. Потоа, по 19 години, се предаде на безмолвие за време од 40 години, во манастирот Палестра, на местото наречено Тола, горејќи секогаш со љубов кон Бога. Јадеше се што беше дозволено според заповедите, но мошне умерено, совладувајќи ја мудро горделивоста. Но кој ќе го опише изворот на неговите солзи? Спиеше само колку да не ја повреди природата со бдеењето. Неговата молитва беше постојана, а љубовта кон Бога неизмерна. Живеејќи така богоугодно, ја напиша и книгата Лествица (Рајска скала), во која го изложи своето учење за духовното усовршување, како и други книги, и се упокои во Господа. По неговите молитви, Боже, помилувај не и нас и спаси не.

 

Извор: ПОСЕН ТРИОД

-  СИНАКСАР - Не спомнувај ги гревовите на умрените, ...

- СИНАКСАР - Кога ќе седнеш, Судијо на сите, да ја судиш сета земја,...

 

Издавач: МПЦ Црква Св. Петка-Мил Парк, Викторија- Австралија и Австралиско- новозеландска епархија и Преспанско- пелагоника епархија

Превод: преводот и препев од црковнословенски јазик, го направи   д-р Јован Таковски

 Друго:

TViTer160

Недела на свети Јован Лествичник


Зошто Црквата (токму) него го поставува среде постот како најсвета икона, за сите да гледаме во него? Јован Лествичник. Кој е тој? Човекот кој живеел и ја напишал Рајската лествица (=скала). Кој го доживеал воздигнувањето на човекот од пеколот до Небото, во Рајот. Тој ја доживеал лествицата од земјата до Небото, лествицата која се протега од дното на пеколот човечки до врвот на Рајот. Ја доживеал и напишал.

Многу образован, многу учен. Ја водел својата душа по патиштата Христови, ја водел сè од пеколот до Рајот, ја водел сè од ѓаволот до Бога, ја водел сè од гревот до безгрешноста. И сето тоа богомудро ни го опишал, што (тоа) човекот доживува борејќи се со секој еден ѓавол (кој стои) позади гревот.

Рајската лествица – што е тоа? Тоа се светите добродетели, светите евангелски добродетели: смирение, вера, пост, кротост, трпение, благост, добрина, милосрдие, вистинољубие, христољубие, христоисповедништво уште многу други свети новозаветни добродетели.

Секоја заповед од Господа Христа, тоа е добродетел, браќа. Ја исполнуваш ли, ја извршуваш ли, на пример, Неговата заповед за постот, ја вршиш ли, ја извршуваш ли? Постот е света добродетел, скалило на лествицата од земјата до Небото. Постот, славниот пост, дури (е) и цела лествица од земјата до Небото. Секоја добродетел е мал рај, секоја добродетел ја негува душата, ја облажува, во твојата душа воведува божествена небесна милост. Секоја добродетел (е) златно и дијамантско скалило во лествицата на твоето спасение која се протега меѓу земјата и Небото, се протега меѓу твојот пекол и твојот Рај. Секоја добродетел…

 


Извадок од беседата на св. Јустин Келијски, Нов Богослов
Прaвoслaвие.мк

 

 

 

takovski.jovan9.jpg
Интервју со протопрезвитер- ставрофор д-р Јован Таковски

 markov.prezde2.jpg

 

„Да појдеме со радост и со страв Божји во овој прекрасен подвиг и да не се плашиме од нашите непријатели. Зашто тие, иако невидливи, внимателно гледаат во лицето на нашата душа, па кога ќе видат дека сме се измениле од страв, уште посилно се устремуваат на нас, бидејќи забележуваат лукавите, дека сме упалшени. Да се подготвиме храбро за борбата со нив: на усрдниот борец никој не смее да му се спротистави„ - св. Јован Лествичник

За мајката на добродетелите – светата и блажена молитва (21.01.2015)

Молитвата е сопостоење и единство на човекот со Бог. Според своето дејство таа ја одржува вселената, претставува помирување со Бог, мајка е на солзите и нивна ќерка во исто време, милост за гревовите, мост благодарение на кој се поминува преку искушенијата, штит на градите кој чува од секоја мака, разбивање на демонските сили, служба на ангелите, храна на сите бестелесни, идна веселба, бесконечен подвиг, извор на добродетелите, причина за благодатните дарови, невидливо напредување, храна за душата, просветлување на умот, секира за очајот, потврда за надежта, ослободување од тагата, богатство на монасите, ризница за безмолвниците, намалување на гревот, огледало на духовниот напредок, откривач на духовната состојба, предизвикувач на идните богатства, предзнак за вечната слава. За оној што вистински се моли, молитвата е Господов суд, судење пред Неговиот престол пред Страшниот суд.

Ако целиот се облечеш во кроткост и не се гневиш, нема уште многу да се помачиш за својот ум да го ослободиш од ропството. Додека не ја здобиеме вистинската молитва, ние личиме на оние кои децата ги учат да одат (односно треба нашиот ум да го исправаме и подигаме во молитвата, кога тој се двои од Бог, сѐ додека не се зацврсти). Бори се да ја врзеш својата мисла со зборовите на молитвата, или подобро – да ја заклучиш во нив. И ако се случи и покрај својата детска слабост твојата мисла да се измори и да падне, повторно врати ја на зборовите од молитвата. Непостојаноста е својствена за човековиот ум. Но, Оној Кој може да зацврсти сѐ, може и нашиот ум да го направи постојан. Ако трудољубиво се подвизуваш, кај тебе ќе дојде Оној Кој ги одредува границите на морето на човековиот ум, и ќе му рече во твојата молитва: „Ќе дојдеш до овде и понатаму нема да поминеш“.

Ако некогаш си можел да погледнеш во Сонцето, ќе можеш и со Бог да разговараш онака како што треба. Но како ќе можеш да го употребеш вистинскиот збор во разговорот со Оној Кој не си го видел?

Почетокот на молитвата се содржи во тоа помислите кои доаѓаат, во истиот миг кога се појавуваат, да се одбијат со кратки зборови. Средината е во тоа умот да биде само во она што преку молитвата се кажува или мисли. Совршенството во молитвата е грабнување на умот (кон Господ).

Немој да кажеш дека ништо не си здобил, ако во молитвата поминуваш доволно време а не гледаш никаков плод. Добивката е во тоа што веќе се молиш. Какво поголемо богатство би ти требало од она да се припиеш до Господ и непрестајно да живееш во единство со Него?

Она што е здобиено преку молитвите во текот на многу години, останува трајно.

Оној што Го здобил Господ, веќе нема да се труди околу молитвата. Тогаш Духот се моли за него, во него, со неискажливи воздишки (Рим. 8, 26).

Свети Јован Лествичник