ТРЕТДЕЛ

ПРЕОБРАЗУВАЊЕТО НА НАШИОТ ГОСПОД ИСУС ХРИСТОС

КОЈ Е БОГ?

СОДРЖИНА

Глава I: ЈАВУВАЊАТА НА БОГА ВО СТАРИОТ ЗАВЕТ
А) Мојсеј
Капината што гори а не согорува,
Второ јавување на Бога на планината Синај,
Б) Илија

Глава II: ПРЕОБРАЖЕНИЕ
А) Таворскатасветлина
Б) Визијата на Бога
В) Од Прео6разувањето до Крстот
Г) Манифестирање на Светата Троица на Тавор
Д) Обожувањето
Заклучок

ГЛАВА I

ЈАВУВАЊАТА НА БОГА ВО СТАРИОТ ЗАВЕТ

Бог е Творецот на се и Он останува Господар на сите нешта и на сите созданија. Он е господарот на историјата. Но, во таа историја, Бог се јавува само ретко (малку како да се повлекува, за да го остави човекот да делува). Он се покажува (манифестира) во одбрани од Него моменти кои најчесто одговараат на „мошне важни времиња" за човештвото: времиња на криза, расправии и промени. Библијата ни раскажува некои од тие привилегирани моменти кога Бог директно интервенирал во историјата и на некои луѓе им се покажал на видлив начин. Овие луѓе беа избраници повикани не само да бидат сведоци на Божјото манифестирање, туку и да пренесат некоја порака и да добијат некоја должност (мисија). Овие манифестации на Бога ги викаме богојавленија (теофании) или јавувања на Бога. Овој збор доаѓа, како и многу термини во богословскиот речник, од грчкиот јазик (Теос-Бог, фанесте - се покажува, манифестира).

sv.GRIGORIJ.PALAMA.jpg

А) МОЈСЕЈ
(Излез 1,2,3и4,1 -17; Дела апостолски 7,1 -35)

sv.GRIGORIJ.PALAMA.jpg

КАПИНАТА ШТО ГОРИ, А НЕ СОГОРУВА

МоЈсеј беше еден од овие избраници Божји, една од најголемите фигури во Стариот завет, една од најголемите фигури на светската историја, оној кој, низ искушенијата во пустињата, сксвал за Бога еден нзрод за од него да направи Избран народ среде кој требаше да се подготви доаѓањето на земјата на Самиот Бог.
Да ги споменеме накусо настаните што му претходат на раѓањето на Мојсеја: несомнено во текот на XVII век пред Христа дванаесетте синови на Јакова се настанија во Египет (види во книгата Битие, гл. 37 до 39, за убавата и возбудлива историја на Јосифа). Тие добија синови и ќерки и од генерација во генерација нивното потомство даде многуброен народ, сообразно со ветувањето дадено на Авраама. Овој народ беше поделен на дванаесет племиња кои произлегуваа од дванаесетте патријарси, односно од дванаесетге синови на Јакова, кои го примија благословот на својот татко токму пред неговата смрт. Тој народ се викаше Израил, име што го доби Јаков по неговата борба со ангелот; познат е уште и под називот „еврејски" (од Хебер предокот на Авраам). И во Библијата членовите на овој народ, безразлично, се викаат деца на Израил или Евреи. Во Египет тие живееја какс робови и извршуваа работи што Египтјаните не сакаа да ги вршат. Во моментот на раѓањето на Мојсеја, односно во XIII век пред Христа (се смета всушност дека околу четири века го делат доаѓањето на синовите на Јакова во Египет од раѓањето на Мојсеја), Египтјаните се вознемируваа од бројот на Евреите и почнуваа тешко да ги поднесуваат (толерираат). Затоа беа издале заповед да ги фрлаат во Нил сите израилски машки деца што ќе се родат.
Мојсеј беше роден од родители од племето на Левиј. За да гр спаси од свирепата заповед на фараонот (тоа беше името за египетскиот цар), мајка му го сокри и, кога имаше три месеци, таа го положи во една кошница и го остави меѓу трските крај брегот на Нил. Фараоновата ќерка го забележа, го прибра и го одгледа како свој син. Таа му го даде името Мојсеј, што значи „спасен од вода". Во Делата апостолски (7, 22), Стефан, првиот христијански маченик, ни вели дека Мојсеј ја знаел сета муд рост египетска и дека бил силен на збор и на дело.
Својот вистински идентитет Мојсеј го дознал кога станал возрасен и можеме да си замислиме какво искушение било за него кога разбрал дека и тој е дел од ропскиот народ: меѓутоа, тој не се поколеба и отиде да ги посети своите, оние Евреи кои, во тоа време, беа измачувани од Египтјаните и принудени да ги вршат најтешките работи. Како сведок на една неправда, тој застана на нивната страна против угнетувачот и уби еден Египтјанин кој беше удрил еден од нив. Но како што често станува во слични случаи, отфрлен од Египтјаните, Мојсеј не беше примен ни од своите, кои го запрашаа: „Којте постави да бидеш наш водач и наш судија"? Тогаш не му остана друго освен да бега. Тој отиде да живее во Мадијанската земја каде што стана пастир и се ожени со Сефора, ќерката на Јотор, човек мудар и разумен.

sv.GRIGORIJ.PALAMA.jpg
Еден ден Мојсеј ги пасеше овците на својот тест. Беше ги отерал на другата страна од пустињата, на Синај, кога виде како од една капина се издига пламен. Капината гореше без да согорува. Заинтригиран, тој се доближи. Еден глас што доаѓаше од капината го викаше по име: „Мојсеј, Мојсеј". Тој одговори: „Еве ме". Гласотрече: „Недоближувајсе,собујги твоите сандали, зашто ова место е свето. Јас сум Бог на Авраама, Исака и на Јакова". Тоггш Мојсеј си го прекри лицето од страв да не Го види Бога.
Таков е почетокот на расказот од средбата на Бога со Мојсеја на Синај. Мојсеј беше препознал во Огинот на Капината еден нематеријален огин, Огинот на Божеството. Тој не се поколеба, зашто неговото срце, кое гореше од љубов, беше го подготвило за едно такво видение, без тој да знае. Мојсеј стоеше вака, бос, со покриено лице кога гласот се чу повторно за да му ја одреди мисијата. Бог рече: „Ја видов неволјата на мојот народ... и те праќам при Фараонот за да ги изведеш од Мисир (Египет) децата на Израил". Тогаш се исплаши Мојсеј и рече: „Кој сум јас за да отидам при Фараонот?" Бог го охрабри: „Јас ќе бидам со тебе". Мојсеј рече: „Но ако децата израилеви ме прашаат кое е името на Оној што ме прати, што ќе им одговорам?"
Бог одговори: „Јас сум Оној, Кој е. Ти ќе им кажеш: Оној Кој е ме прати при вас". Преку овие зборови Бог му дава на Мојсеја откровение, а преку Мојсеја и на целото човештво: го открива своето Име: ОНОЈ КОЈ Е, на еврејски тетраграмот, четирите букви Ј.Х.В.Х., што ниту еден Израилец не смееше да ги изговори. Ова име ја потврдува трансцедентноста на Бога. Он е Друго нешто од се она што им е познато на луѓето. Он е Оној Кој е; Он е пред сите времиња. Он го манифестира своето постоење без да биде познаен. Он останува над секое име кое би можело да го идентификува, зашто Он не може да биде дефиниран. Бог е несознатлив, безграничен, бескраен, „неискажлив, несфатлив, невидлив, недостапен", иако е Бог Кој се открил, манифестирал, Кој е сретнат.
Гласот пак проговори и на Мојсеја му ја објасни неговата мисија: да ги изведе Евреите од Египет, да ги одведе во Ветената земја, во земјата Хананска. Меѓутоа, Мојсеј не беше убеден: „А ако не ми поверуваат?" Наместо одговор, Бог му посочи на Мојсеја три чуда што би можел да ги направи за да докаже дека е тој пратениот од Бога. Мојсеј имаше уште еден приговор; тој се повика на својата говорна мана: „Опрости ми, Господи, никогаш не сум бил красноречив, дури ни со Тебе што ми зборуваш. Мојата уста е невешта и мојот јазик е тежок". Но Бог го знаеше овој недостаток, бидејќи од Него доаѓа се и Он е тој Кој прави некој да биде слеп или јасновид, нем или речит. Сепак, Мојсеј беше настојчив, искрено одбивајќи: „Опрости, Господи, испрати го оној што треба да го испратиш". Тоа веќе беше премногу Бог се разгневи и му рече: „Еве, твојот брат Арон ќе зборува место тебе. Ти ќе ги ставаш зборовите во неговата уста, а тој ќе му зборува на народот во твое име. А овој стап, земи го во своите раце, со него ќе правиш чуда". Тогаш Мојсеј постапи како што Бог му заповедаше. Тој го зеде стапот в рака и, откако се прости од Јотора, се врати во Египет.
Детето: Не разбирам како можела капината да гори а да не согорува. Секој пламен го голта дрвото од кое се издига и тоа исчезнува.
Родителот: Јас ти реков, Огинот од Капината бил нематеријален. Тој Огин морал да има изглед малку поинаков од огинот што се добива од обично дрво бидејќи Мојсеј уште пред да го чуе гласот се заинтригирал и сметал дека глетката е „чудна". Всушност, зборовите се немоќни да ја искажат Силата и радикалната новина на она за што Мојсејбилсведок.
Библијата го употребува зборот Огин, бидејќи тој е зборот што најдобро ја опишува појавата на оваа манифестација. Ов.ој збор е исто така и симбол кој го означува присуството на Духот. Несогорливата капина е една реалност што ја видел Мојсеј, но таа е исто така и симболичка најава на други идни реалности: Капината е праслика на Дева Марија, Мајката Божја. И навистина, Марија го прими во својата утроба Огинот на Божеството во моментот кога архангелот Гаврил и зборуваше и таа не беше согорена од овој Огин, како што не беше ни Капината, но таа го зачна Детето и остана чиста. Марија е света како што беше света земјата околу Капината. Тоа е она што Црквата и го пее на Дева кога ја чествува во нејзините празници.

 

 

 

gakon.Goran.A.jpg

 Извор: БОГ Е ЖИВ

 

ВЕРОУЧЕНИЕ (КАТИХИЗИС) ЗА СЕМЕЈСТВАТА

Издавач: Преспанско- пелагониска епархија, Битола, 1983

Превод: прф. Јован Таковски 

Друго:

Божјата Слика: создадена, падната и возобновена (3)

Божјата Слика: создадена, падната и возобновена (2)

Божјата Слика: создадена, падната и возобновена (1)

 

 

 Бог е жив- Месијанското очекување (2)

Бог е жив- Месијанското очекување(1)

http://preminportal.com.mk/content/view/4440/1/