sv.teofan.Zatvornik.jpg

 

Свети Теофан Затворник

Најважно е да се има Божји страв. Кога ќе дојде и кога ќе се всели во душата, тој во неа подредува се на својствен начин, како добар домаќин. Постои ли тој во вас?
Ако постои, благодарете Му на Бога и пазете го; ако го немате, пробудете го, бидејќи тој е скриен во нашиот дух, па доколку не се пројавува, тоа е последица на нашето невнимание.
Првиот плод на Божјиот страв е скрушен дух, срце скрушено и смирено. Чувстото на скрушеност нека не се оддалечува од вашето срце!
За да се пази Божјиот страв, неопходно е постојано да се има сеќавање на смртта и на судот, сеќавање што никогаш нема да не напушти. Штом се пробудите, повикувајте го ова сеќавање и по цел ден да не се разделувате од него како прв свој придружник.
На ова додајте ја и свеста за Господовото присуство крај вас и во вас, за тоа дека Он се гледа, па дури и она што е најскриено. Оваа свест, паралелно со сеќавањето на смртта, е неделива од Божјиот страв.
Кога овие три работи ќе се вселат во вашето срце ќе ви потече молитвата од срцето со непрестајни повици кон Господа Спасителот.
Тоа е се! Ако ова постои во вас, макар во извесна мерка, значи дека делото за вашето спасение се одвива поволно, а ако го нема тоа, мора да направите сето тоа да изникне во вашето срце зашто, ако го немате тоа, се друго е ништожно...


(Собр. иреииски, том 3, писмо 550, стр. 251 - 252)


Нема ништо така да го поттикнува Божјиот страв како сеќавањето на страшниот суд. Меѓутоа, заради ова не смееме да се предаваме на дух на тага (плашливост), потребно е само добро да се свртиме околу себе и се што ќе се покаже дека не Му е угодно на Бога во истиот момент да го отфрлиме, и ако е потребно, да го очистиме со покајание. Тогаш, откако ќе се потпреме на Божјата милост, ќе ни преостане единствено да се радуваме. И Господ на страшниот суд нема да бара на сите можни начини да не осуди, туку ќе настојува секого да го оправда. И ќе го оправда секого, ако за тоа постои и најмала можност.

(Собр. иреииски, том 3, писмо 392, стр. 38)

 

(Продолжува)

Подготви: Стојанка Тежак

Korica.LjubovtakonBoga.jpg

ЉУБОВТА КОН БОГА И
БОЖЈАТА ЉУБОВ

Што е тоа страв Божји, како се стекнува и како да се живее со него според учењата на светите Отци

Превод Протојереј-ставрофор Ефтим Бетински, Охрид 2004

  Друго:

ЉУБОВ КОН БОГА И СТРАВ ПРЕД БОГА

ЗА БОЖЈИОТ СТРАВ

ЉУБОВ КОН БОГА И СТРАВ ПРЕД БОГА

ПРОРОК ДАВИД ЗА БОЖЈИОТ СТРАВ

 СОВРШЕНСТВОТО НА ЉУБОВТА СЕ ПОЈАВУВА ВО МОЛИТВАТА ЗА НЕПРИЈАТЕЛИТЕ

ЗА СТРАВОТ ШТО СЕ РАЃА ОД ГОЛЕМА ЉУБОВ 

Св. Теодор Бдески - ЗА СОВРШЕНИОТ СТРАВ

ЉУБОВТА НЕ САМО ШТО НАС, СЛУГИТЕ, НЕ ПРАВИ СИНОВИ, ТУКУ ВО НАС ГО ОБНОВУВА ЛИКОТ И БОЖЈОТО ПОДОБИЕ

  • КАКОВ ПОРЕДОК Е ПОТРЕБЕН ЗА ИСКАЧУВАЊЕ КОН СОВРШЕНСТВОТО
  • Авва Доротеј - ПАТИШТА НА ДОСТИГНУВАЊА НА СОВРШЕНИОТ БОЖЈИ СТРАВ
  • КОЈШТО СЕ ПЛАШИ, НЕ СЕ УСОВРШИЛ ВО ЉУБОВТА
  • ИЗРЕКИ НА СВЕТИТЕ ОТЦИ ЗА БОЖЈИОТ СТРАВ

  •  Свети Ефрем Сириски - ЗА ДУШЕВНИОТ СТРАВ

  • Св. Јован Златоуст - ПОВЕЌЕ СЕ ПЛАШИМЕ ОД ЛУЃЕТО ОТКОЛКУ ОД БОГА 

  • Св. Јован Златоуст - ЗА БОЖЈИОТ СТРАВ

  • Св. Јован Златоуст - БОЖЈИОТ СТРАВ Е ГОЛЕМА ДОБРИНА 

  • Св. Јован Златоуст- ЗА ПОЛЗАТА ОД ПОТСЕТУВАЊА НА СТРАВОТ ОД АДСКИТЕ МАКИ 

  • Св. Филарет Московски - ПРИКАЗНАТА ЗА МИТАРОТ

  • Св. Јован Златоуст - РАЗМИСЛУВАЊЕ ЗА СТРАШНИОТ СУД

    Авва Доротеј - БОЖЈИОТ СТРАВ ВО ДЕЛО ЗА СПАСЕНИЕ НА НАШИОТ БЛИЖЕН

  • Св. Варсонуфиј и Јован - СОВРШЕНИТЕ ОТЦИ ПРАВЕЛЕ СЕ СО БОЖЈИ СТРАВ

  •