ГЛАВА I

Божјата Слика: создадена, падната и возобновена

prorok.zaharij1.jpg

Б) СОЗДАВАЊЕТО НА ЧОВЕКОТ

(Битие 2,4-7 и 21-24)

Родителот: Во првата глава видовме опис на создавањето што заврши со човекот кој изгледаше, воопшто, како едно ..создание" меѓу другите.
Сепак, можеби забележа една разлика. За сето она што не е човекот, Бог заповеда и созданијата се појавуеаат. Потоа Бог вели: „Да создадеме човек по наш образ и подобие и нека тој господари... над сите диви животни."
Детето: Да. Се гледа дека Бог му придава особена важност на човекот, небаре сакаше да го направи свој претставник на земјата.
Родителот: Тоа се гледа уште појасно во продолжението од 2 глава на Битието (Битие 2,5 — 7):
„Се уште немаше никакво полско растение на земјата и никаква трева полска уште не беше никнала, зашго Бог не беше дал дожд на земјата, ниту пак имаше човек да ја ооработува земјата. Сепак, од земјата се подигаше пареа и ја натопуваше сета земја. Тогаш Бог го создаде човекот од земен прав и му дувна во носот дух животен; и човекот стана жива душа."
Детето: Зошто има два описа на Создавањето?
Родителот: Затоа што овие први книги од Битието не раскажуваат „историја" — историјата претпоставува сведок, а за време создавањето Бог е се уште Сам - но тие (првите книги) не учат за Божјата намера што се однесува до човекот, која Светиот Дух во Стариот завет им ја открил на пророците.
Детето: Што значат овие два описа?
Родителот: Првиот ни го покажува создавањето на овој свет што Бог му го доверува на човекот, како што ти велеше.
Вториот ни кажува зошто човекот е создаден последен: за да го круниса светот и да го води кон Бога, бидејќи, ни вели текстот, човекот е исто така потребен да ја обработува земјата, како што е потребен и дождот кој и дава плодност.
Оваа одговорност на човекот беше толку голема што Бог помисли дека треба да му даде некого за помошник. Но ниту едно од суштествата кои веќе постоеја не одговараше и од самиот човек му дојде таа „помош": Тогаш Бог му даде длабок сон на човекот, кој заспа. Он зеде едно од неговите ребра и го затвори месото на своето место. Потоа од реброто што го беше зел од човекот. Бог направи жена и му ја доведе на човекот."
Ова ни напоменува:
а) дека човекот и жената имаат иста природа;
б) дека жената е повикана да му биде придружничка на човекот, онаа која стои на негова страна.

Кога се разбуди, човекот извика: „Еве ја коската од миоте коски и телото од моето тело... Човекот ќе ги напушти таткото и мајкаси  и ќе се прилепи кон својата жена и двајцата ќе бидат едно тело.
Кога читаме во текстот дека Бог го создаде човекот од земја, можеме да мислиме дека врската што ја имаме со целото создание е мошне важна; ние сме моделирани од истото тесто, му припаѓаме на истото создание, ние сме една целина со него (името на човекот, Адам, доаѓа од еврејскиотзбор адама - земја).
Но Бог му дувнал на човекот живот; тој е живо суштество, зашто Бог е со него. Човекот е живот, бидејќи Бог му дава живот постојано, со Неговиот дух, со Неговото присуство, со Неговата сила.
Бог ги создаде човекот и жената според Својот образ; целото човештво во неговата разнообразност е создадено според образот Божји Големината убавината и слободата на човекот се должат на фактот што Бог го создал според својот образ.

Како што Бог - Отец, Син и Свети Дух - е ЕДЕН, така и човекот и жената. создадени според образот Божји, се повикани да станат ЕДНО, сакајќи се секогаш се повеќе и повеќе.
Но ако сме создадени според образот Божји, ние можеме да станеме слични на Него се повеќе и повеќе, ако Го сакаме и ако дозволиме да мине во нас Духот на Неговиот божествен живот: целта на човековото постоење е се повеќе и повеќе да се уподобува на нашиот божествен модел.
Детето: Ти велиш дека човекот е создаден од Бога според Негов образ. Мене, пак, ми е речено дека човекот станал од мајмун.
Родителот: Она што Бог го создал во „почетокот", Он го создал од ништо, видовме во претходната глава. Но човекот, Бог не го создал од ништо; Он го создал „од земја" и од сето она што таа го има. Тоа значи дека, за да го создаде човекот, Бог се послужил со целата природа и со нејзината еволуција, без да го исклучи мајмунот ниту рибите кои, исто така, се од земја - бидејќи човекот е крајот на создавањето и во него се наоѓа резимирано, рекапитулирано целото создание. Но, освен тоа, Он го оживил човекот со Својот сопствен Дух. Тоа е токму она присуство на Самиот Бог, кое го осветлува човекот, правејќи да свети на него светлината на Неговото лице, која го разликува човекот од мајмунот и од сите други созданија. Ова Присуство Божјо, овој Дух Божји ја одразува врз човекот сликата Божја, и му дава убавина, „Круна на славата", од него прави цар и одговорен за созданието (спореди Битие 1,28 — 29 2,19-20).

 (Продолжува)

gakon.Goran.A.jpg

 Извор: БОГ Е ЖИВ

 

ВЕРОУЧЕНИЕ (КАТИХИЗИС) ЗА СЕМЕЈСТВАТА

Издавач: Преспанско- пелагониска епархија, Битола, 1983

Друго:

Божјата Слика: создадена, падната и возобновена (1)

Божјата Слика: создадена, падната и возобновена (3)