sv.Tihon.Zadonski.jpg

"Јас сум живиот леб што слезе од небото; кој јаде од овој леб, ќе живее веадо " (Јован 6, 51)

Светата Тајна Причест е една од најголемите дарови на Божјата безгранична љубов кон човечкот род, искупен преку Господа Исуса Христа, но луѓето кои се нарекуваат себеси христијани не го користат тој дар секогаш онака како што би требало. Многумина, немајќи вистинска претстава за големината на оваа Света Тајна и за богатството кое преку неа го примаме, многу ретко пристапуваат кон Светата Причест и тоа го прават без достојна подготовка; има, за жал, и такви христијани кои оддалечувајќи се од оваа Света Тајна целосно се лишуваат себеси од соединување со Господа и од општење со Него и во овој и во идниот век, според Неговите зборови: "Ако не го јадете телото на Синот Човечки и не ја пиете крвта Негова, не ќе имате живот во себе.и (Јован 6, 53).
Студенилото на срцето кон овој голем дар што го примаме преку Светата Тајна Причест потекнува главно од незнаење. Она што не го познаваме или она за што немаме доволно знаење - тоа не го ни сакаме; децата не се грижат за богатство, не бараат слава, бидејќи за тоа и не знаат ништо. Но, никој нека не мисли дека ќе се оправда со незнаење, зашто Божјиот закон е даден на сите, Божјите храмови се за сите секогаш отворени.
Има и такви христијани кои иако се свесни за важноста на причестувањето и за неговата корист за душата, сепак остануваат студени и незаинтересирани да ги примат Светите Тајни поради навиката да живеат во грев, невнимание и мрзливост, или пак, поради преокупираноста со ништожните секојдневни грижи, па и најмалечкиот напор во подготовката за примање на Светите Христови Тајни го сметаат за несовладлива пречка и не сакаат ни за кратко време да отстапат од своето вообичаено световно однесување. Сите такви христијани се слични на оние повиканите на Христовата Вечера, но кои не одговориле на повикот; и сите нив Бог ќе ги повика кон Себе, но повеќе не на вечера, туку на Својот Страшен Суд, на кој ќе ги отфрли како такви кои му се туѓи. А што да кажеме за христијаните што ја загубиле верата во божествениот Искупител? Тие на денот на Божјиот суд, како исушена гранка, како неродна смоква, ќе бидат исечени и фрлени во пеколот каде ќе биде вечен плач и чкртање созаби, каде што нема да има крај на адските маки, каде што грешниците ќе бидат мачени ден и ноќ и нема да има никаква утеха за нив, а чадот од нивното мачење ќе се издига до небесата (Откр. 19, 3; 20,10).
Прикажувајќи ја во кратки црти несреќата на оние што се одвоиле од изворот на животот - Господ, да кажеме нешто и за блаженството на оние што со вистинско покајание и со смирено срце пристапуваат кон Божествената Трпеза. Поради неискажливата благост Божја, тие се соединуваат со Господа и стануваат едно со Него, како што е речено: "Кој јаде од Моето тело и пие од Мојата крв, ќе биде во Мене и Јас во него" (Јован 6, 56). Тие се удостојуваат со отпуштање на сите свои прегрешенија и по милоста Божја стануваат наследници на вечните небесни добра, на она ишто око не виде, уво не чу, ниту на човека на ум му падна" (1. Кор. 2, 9)
Бидејќи наша цел е колку што е можно да .се објасни возвишениот дар на причестувањето со Светите Христови Тајни, тогаш пристапувајќи кон осознавање на оваа голема Тајна и кон примање на небесниот дар да ги исчистиме своите срца со богоугодко покајание и тоа ќе не воведе во дворот на Царот на Славата. Неискажливо големо е милосрдието Божјо што ни се дарува преку Светата Тајна Покајание. Господ ни ги простува безбројните прегрешенија кога му принесуваме вистинско покајание. За тоа сега ќе стане збор.

 (Продолжува)

 Друго:

Св. Теофан Затвореник - ПОКАЈНИКОТ ПРИСТАПУВА КОН СВЕТАТА ТАЈНА ПРИЧЕСТ

 

 СВЕТАТА ТАЈНА ПРИЧЕСТ

Издавач: ЃАКОНИЈА ,Скопје,  2002

Главен и одговорен уредник

Митрополит г. Агатангел