ЗА БОЖЈИОТ СТРАВ

sv.Jov.Zlatoust.jpg

Најголема добродетел е се да се припишува на Бога и ништо да не се смета за свое. Ништо да не се прави за да се здобие човечка слава, туку да се прави за да Му се благоугодува на Бога. Бидејќи никој друг, ами токму Он ќе побара од нас да Му дадеме сметка за сите наши дела. Но во наше време овој поредок е изопачен, бидејќи се-га толку не се плашиме од Оној Кој еден ден ќе седне да му суди на светот за се и Кој ќе ни поба-ра одговор за сите наши дела, колку што се плашиме од оние кои заедно со нас, исто така, ќе мора да излезат пред суд. Што е причината за оваа наша слабост? Како продрела таа во нашите ср-ца? Само заради реткото помислување на идната и на крајната пристрасност кон ова сегашното. Оттука, ние толку лесно паѓаме во лоши дела; ако правиме нешто добро, тоа го правиме само да не видат луѓето, така што и заради тоа ни се заканува казна. Браќата на Јосиф да го имале пред очи стравот Божји како што е потребно, тие не би направиле заговор да си го убијат својот брат во пустината. Исто така, Каин да се плашел од Божји суд, како што би требало да се плаши, не би му рекол на Авел: „Да појдеме во полето" (I Мој. 4:8). Зошто ти, беднику и кукавицо, си го одделил својот брат од својот татко и си го одвел во пусто место? Нели го направи тоа затоа што мислеше дека во полето Бог нема да го види твоето безобѕирно злосторство? Како тоа да не си се поучил врз основа на она што му се случило на твојот татко, дека Бог се гледа и дека знае се што правиме? И така, секогаш треба да го имаме пред очи Божјиот страв, па сите избезу-мени страсти ќе замолчат. Кога се живее без страв, не може да не се направи ништо благо-родно и достојно за чудење. Затоа апостолот порачува: „...со страв и со трепет Градете Го вашето спасение" (Филип. 2:12). Не рекол едно-ставно „со страв", туку уште и додал: „и со трепет", што претставува повисок степен на страв. Ако и секојдневните животни дела не може да се прават без страв, зар тоа не се однесува повеќе на духовните дела? А како може да се роди овој страв? Ако помислиме дека Бог е секаде присутен и дека се слуша, се гледа - не само со делата и со зборовите, туку и со се што се случува во срцето и во длабочината на душата. Ако и за себе си направиме такво расположение, нема ниту да направиме, ниту да кажеме, ниту да помислиме нешто лошо.

(Продолжува)

Подготви: Стојанка Тежак

Korica.LjubovtakonBoga.jpg

ЉУБОВТА КОН БОГА И
БОЖЈАТА ЉУБОВ

Што е тоа страв Божји, како се стекнува и како да се живее со него според учењата на светите Отци

Превод Протојереј-ставрофор Ефтим Бетински, Охрид 2004

  Друго:

ЉУБОВ КОН БОГА И СТРАВ ПРЕД БОГА

ЗА БОЖЈИОТ СТРАВ

ЉУБОВ КОН БОГА И СТРАВ ПРЕД БОГА

ПРОРОК ДАВИД ЗА БОЖЈИОТ СТРАВ

 СОВРШЕНСТВОТО НА ЉУБОВТА СЕ ПОЈАВУВА ВО МОЛИТВАТА ЗА НЕПРИЈАТЕЛИТЕ

ЗА СТРАВОТ ШТО СЕ РАЃА ОД ГОЛЕМА ЉУБОВ 

Св. Теодор Бдески - ЗА СОВРШЕНИОТ СТРАВ

ЉУБОВТА НЕ САМО ШТО НАС, СЛУГИТЕ, НЕ ПРАВИ СИНОВИ, ТУКУ ВО НАС ГО ОБНОВУВА ЛИКОТ И БОЖЈОТО ПОДОБИЕ

  • КАКОВ ПОРЕДОК Е ПОТРЕБЕН ЗА ИСКАЧУВАЊЕ КОН СОВРШЕНСТВОТО
  • Авва Доротеј - ПАТИШТА НА ДОСТИГНУВАЊА НА СОВРШЕНИОТ БОЖЈИ СТРАВ
  • КОЈШТО СЕ ПЛАШИ, НЕ СЕ УСОВРШИЛ ВО ЉУБОВТА
  • ИЗРЕКИ НА СВЕТИТЕ ОТЦИ ЗА БОЖЈИОТ СТРАВ

  •  Свети Ефрем Сириски - ЗА ДУШЕВНИОТ СТРАВ

  • Св. Јован Златоуст - ПОВЕЌЕ СЕ ПЛАШИМЕ ОД ЛУЃЕТО ОТКОЛКУ ОД БОГА 

  •